Огнената стихија во Малешевијата е најголемо жариште во земјата со радиус од 50 километри меѓу Берово, Пехчево и Делчево. Во борбата против пожарите се вклучува и романски воен авион.
Реклама
Авионот Ц-27 Спартан на романското воено воздухопловство, кој е специјализиран за гаснење пожари и има капацитет од дејствување со 6 тони вода врз пожарите, пристигна во С. Македонија и се вклучува во операцијата за гаснење на пожари во беровскиот регион, соопшти македонското министерството за одбрана.
Според Центарот за управување со кризи станува збор за специјализиран авион кој носи пожарникари и 6-тонски кеси кои се полнат со вода и при летање на подрачјето тие се пуштаат и во форма на падобран бомба се распрскуваат врз огнот.
Бурна ноќ во костец со стихијата
02:01
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска која денеска ги посети
припадниците на Армијата упати искрена благодарност до нив и до колегите од Србија и од Словенија за натчовечките напори дадени за гасење на пожарите. Taa уште истакна дека значително е зголемена ефикасноста и брзината на
делување на сите хеликоптери вклучени во гаснењето на пожарите во
Малешевијата.
На Фејсбук страницата на министерството за одбрана пак беше објавено дека Армијата успеала да организира сите хеликоптери вклучени во гасењето на пожарите да полнат гориво во близина на кризните точки каде што се гаси - со тоа ќе се скрати времето помеѓу две дејствувања и ќе се зголеми количеството на исфрлена вода, брзината и ефикасноста во операциите.
Премиерот Зоран Заев, кој, пак, денеска е во посета на опожарените подрачја во Малешевијата, е убеден дека државата ќе се справи со пожарот и ќе ќе биде комплетно локализиран.
„Се преземаат сите дејствија за да може да се локализира и ова најголемо жариште во државата, а тоа е пожарот помеѓу Берово, Пехчево и Делчево буквално што е некаде во радиус од 50 километри“, додаде премиерот Заев.
Огнениот пекол и пустошот потоа
Шумски пожари продолжуваат да избувнуваат и да горат ширум земјата, додека македонските граѓани се соочени со страшните искуства и апокалиптичните сцени по пеколната ноќ во Кочани и регионот.
Фотографија: Arbnora Memeti
Непроспиена ноќ
Жителите на Кочани и на околината преживеаја ноќ на хорор, откако пожарот кој избувна во попладневните часови на 2. август во близина на градот, поттикнат од ветерот се приближуваше кон градот и другите населени места.
Фотографија: Arbnora Memeti
Закана за Кочани
„Пеколот се спушти на земјата“ Вака очевидци за македонските медиуми ги опишаа моментите додека пламените јазици му се закануваа на градот. Десетици луѓе побарале лекарска помош поради задушување, но нема луѓе со сериозни повреди, ниту загинати.
Фотографија: Fatos Musliu/DW
Битка против пламените јазици
Битката со огнената стихија траеше со часови, а стотици мештани им се приклучија на пожарникарите со „голи раце“ учествуваа во напорите за локализирање на пожарот.
Фотографија: Arbnora Memeti
Сам среде огнениот пекол
Ваквите херојски ангажмани на бројни луѓе вклучени во битката со стихијата, придонесоа за локализирање на пожарот и спречување на жртви и поголеми материјални штети.
Фотографија: Arbnora Memeti
Армијата на помош
Најголем дел од фотографиите во оваа галерија се направени во село Тркање, Кочанско. Во ова место вчера беше најкритично, селаните заедно со војската патуваа два часа пешки за да се качат во планина, немаше пристап за да се стигне со моторно возило.
Фотографија: Arbnora Memeti
Трагите на уништувањето
Иако поголеми материјални штети беа спречени, сепак пожарот остави зад себе апокалиптични сцени во Кочани... Уништени куќи...
Фотографија: Arbnora Memeti
Трагите на уништувањето
...Изгорени возила
Фотографија: Arbnora Memeti
Трагите на уништувањето
пеплосани борови шуми и животни...
Фотографија: Arbnora Memeti
Каде се ер тракторите?
По пожарот во Кочани, но и поради другите активни пожари во земјата се поставува прашањето на одговорноста. Имено С.Македонија има ер трактори ( како овие на фотографијата направена во Турција) за гаснење пожари, кои меѓутоа не се во функција, зашто не се сервисирани. Пожарникарите имаат возила, ама некои од нив дотраени и со работен век од 30-тина години...