1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Промена на курсот на кралските куќи во Заливот

Ане Алмелинг/ Жана Ацеска 26 септември 2014

Во воздушните напади против терористите од „Исламска држава“ учествуваат и пет арапски монархии. Досега тие се држеа воздржано во поглед на воените акции во сириската војна. Но, сега ја менуваат стратегијата.

Фотографија: Reuters/Shawn Nickel/U.S. Air Force

Калед Бин Салман седи насмевнат во својот сив борбен авион. Синот на саудискиот принц-престонаследник изгледа задоволен. Тој штотуку се врати од акција во Сирија против терористичките милиции од „Исламска држава“. Барем така тврди саудиската државна новинска агенција, која ја објави фотографијата. Корисниците на Твитер стотици пати ја проследија и коментираа. Зашто, фотографијата не само што треба да го докаже саудиското учество во воздушните напади во Сирија, туку и симболизира: Саудиска Арабија ја промени својата стратегија, заливската држава и самата напаѓа.

Саудиска Арабија долго учествуваше во сириската војна само индиректно. Кога протестите против претседателот Башар ал-Асад во средината на 2011 година преминаа во насилни, заливската држава ги помагаше армиите на пријателските земји со пари. Саудиска Арабија не се замеша воено. Соседната богата држава Катар, напротив, во 2011 година учествуваше во воената интервенција против долгогодишниот властродржец Моамер Гадафи во Либија. Сега Катар логистички ги помага воздушните напади на САД. Тоа што во нив се вклучија и Саудиска Арабија, Обединетите Арапаски Емирати, Јордан и Бахреин, е новина. Катар изминатите месеци стануваше се‘ позолиран во Советот за соработка на државите од Персискиот Залив, (Cooperation Council for the Arab States of the Gulf / GCC), клуб на „нафтените“ монархии.

Кавга меѓу монарсите

Три од шесте членки на Советот за соработка на државите од Персискиот Залив пролетоска ги повлекоа амбасадорите од Катар, зашто Емиратот го поддржуваше Муслиманското братство. Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати во исламистичкото движење гледаат закана за своето владеење. Богати Катарци собирале донации и за радикалните борци во Сирија и во Ирак. Дека има проток на пари од ифицијална страна, емирот од Катар, шеикот Тамим Бин Хамад Ал-Тани, демантираше при својата прва официјална посета на Германија минатата недела. Но, Катар е постојано конфронтиран со вакви обвинувања. Првенствено Саудиска Арабија и Јордан се чусвтвуваат загрозени од „Исламска држава“. Двете земји граничат со завојуваните региони во Ирак и во Сирија.

Заканата од страна на ИД повторно ги приближи меѓусебно членките на Советот за соработка на државите од Персискиот Залив: „нафтените“ монархии и Јордан влечат на иста страна на јажето и ги поддржуваат САД во борбата против терористите.

„Ова е најважната алијанса која Вашингтон можеше да ја собере на своја страна од ослободивањето на Кувајт во 1991 година“, пишува познавачот на приликите на Блискиот Исток, Маркус Бикел во „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. Султанот Ал-Касеми, еден од највлијателните Твитер-коментатори од Обединетите Арапски Емирати, во алијансата гледа доказ за тоа дека тонот во арапскиот свет сега не го дава Каиро, туку Заливскиот регион.

„Ел Сиси ја пропушти приликата да се врзе со САД како неопходен, зашто не учествува во коалицијата против ИД. Маргинализацијата на Египет продолжува“, пишува Ал-Касеми на Твитер.

Пофалби од САД

Американскиот претседател Барак Обама им изрази свое признание за нивната акција на министрите за надворешни работи на Бахреин, Јордан, Катар, Саудиска Арабија и Јордан. Без нивна помош немаше да се успее ИД да биде потисната во граничната област меѓу Сирија и Ирак. Пофалба, која и‘ се допадна на саудиската кралска куќа. Фотографиите на младиот принц во борбен авион во секој случај се пригодни: Саудиска Арабија се презентира како држава со војска подготвена за акција и - со нованадворешно-политичка стратегија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми