1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Пронајден исчезнатиот патнички авион во Непал

СН/агенции
30 мај 2022

Патничкиот авионот кој ненадејно исчезна од радарите во хималајската држава Непал е пронајден. На списокот на патници има и Германците. Лошото време го отежна наоѓањето на леталото.

Остатоците од урнатиот авион на компанијата „Тара Ер“
Остатоците од урнатиот авион на компанијата „Тара Ер“Фотографија: Fishtail Air Pvt Ltd/REUTERS

Остатоците од авионот со 22 патници и членови на екипажот, кој исчезна во планините во Непал, се пронајдени, соопшти претставник на непалската војска.

Досега се пронејдени 14 тела, а потрагата за останатите продолжува, рече портпаролот на локалната Управа за цивилна авијација. Тој оцени дека временските услови се многу лоши и оти на местото на вчерашната несреќа е доведена една екипа, но и дека засега е невозможно да се лета за да стигнат уште луѓе кои се неопходни во акцијата за потрага.

Војската на Твитер објави снимка од местото на несреќата од авион на која се гледаат расфрлани делови на леталото на планината.

Авионот од компанијата „Тара Ер“ бил на редовен 20 минутен лет од градот Похара, 200 километри западно од Катманду до планинскиот град Џомсом. Авионот од типот „Твин отер“ од канадско производство загубил контакт со контролната кула во близина на слетувањето во област со длабоки речни клисури и планински врвови.

Фотографија: Fishtail Air Pvt Ltd/REUTERS

Лошото време и темнината ја зпреа вчера потрагата, која утрово ја продолжија воен и приватен хеликоптер.

Повеќе: Што открива една црна кутија?

Војската и спасувачките екипи тргнаа кон можното место на несреќата, кое се наоѓа во зоната наречена Саносваре, во областа Мустанг.

Во леталото имало 19 патници, меѓу кои двајца Германци, четворица Индијанци и 13 Непалци, и тројца членови на екипажот.

Германското министерство за надворешни работи потврди дека во авионот имало двајца Германци. Министерството е во близок контакт со непалските власти и роднините и ги поддржува роднините конзуларно, соопштија од Берлин.

Џомсом е познат како место за поаѓање на планинарите за Хималаите и се наоѓа на 20 минутен лет од Похара, втор по големина непалски град.

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми