1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пронајдоци што ќе го променат нашиот живот

17 март 2011

Форматот MP3 е изум на научниците од Фраунхофер институтот. Овој институт секоја година пријавува околу 600 пронајдоци. Неодамна на Саемот за ИТ технологија ЦЕБИТ, институтот ги претстави своите најнови пронајдоци.

CeBIT 2011 Videotelefonie vom Wohnzimmersofa in Spitzenqualität - möglich machen es neue Audio und Video Kodierungen.
Видеотелефонија со висок квалитет на говорот и минимално задоцнувањеФотографија: DW

Пред еден голем екран стојат две лица, кои зборуваат со други две лица кои се наоѓаат на друг дел од халата. На прв поглед ќе си речете ништо ново, исто како зборувањето преку Скајп.

Полесно и побрзо учење свирење на гитараФотографија: DW

„Но, она што го правиме ние е пренесување на целокупниот фреквентен опсег на аудио сигналот. Тоа значи, дека соговорникот го слушаме во ист квалитет како да зборува до нас. Истото се случува и кога слушаме музика. Таа звучи исто како да ја слушаме во просторијата во која се наоѓаме. Значи, имаме многу висок квалитет на говорот и речиси минимално задоцнување. Квалитетот е многу подобар отколку оној што го имаме денес “, објаснува соработникот во институтот Матиас Розе. Но како е можно тоа? На техниката од институтот и е потребна мала количина податоци за да пренесе видео сигнали од дневната соба преку телевизорот. Развојот на видео и аудио кодирањето денес овозможува перфектен квалитет при обичен ДСЛ приклучок. Делови од оваа технологија се користат и денес,како на пример во апликацијата фејстајм за видео телефонирање преку Ајфон на производителот Епл.

Софтвер со кој може да се научи свирење на инструмент

Само неколку метри понатаму еден млад човек свири на електрична гитара. Еден програм на екранот зад него покажува дали ги погодува тоновите кога свири или не. Софтверот се вика „Сонг ту си“ или песна што ја гледаме. Она што се свири се визуелизира на компјутерскиот екран. Овој софтвер треба да им овозможи на луѓето да учат да свират на инструмент и да се забавуваат.

„Имам одбрано една песна и сакам да научам да ја свирам на гитара, флејта и на пијано. За ова на екранот ми пишува како треба да го држам инструментот и дали свирам точно или не ги погодувам тоновите“, вели младиот човек.

Проект за постари лица кои живеат сами

На еден дел од штандот на институтот Фраунхофер претставен е проектот наречен „Препознавање на итен случај во сопствениот дом“, кој е наменет за постари лица кои живеат сами. Станот или куќата се комплетно опремени со сензори кои го регистрираат присуството на домаќинот, потоа има апарати што ја мерат енергијата во домот, а освен тоа поставени се сензори на вратите и ормарите. Претходно се изготвува профил на однесување на домаќинот. Доколку човекот не се придржува до изготвениот профил, тогаш централниот сметач вклучува аларм.

Мониторот на кој може да се прочита да ли некој е тажен или е среќенФотографија: DW

„На пример, кога лицето влегува во бањата или во кадата, но не излегува повторно од неа, тогаш по некое одредено време сметачот јавува дека постои беспомошност кај човекот “, објаснува соработникот во институтот Марио Шмит.

Камера што ги регистрира чувствата на луѓето

Во еден агол на штандот има поставено камера, која што ги снима движењата на посетителите и податоците ги пренесува на еден голем екран. Кога некој ќе помине покрај него на екранот пишува дали тој е среќен, тажен или едноставно сериозен. За ова е одговорен еден многу интересен програм, вели Ангела Рагузе:

„Тоа е софтвер што не го препознава само лицето, туку може да ја одреди и позицијата на очите. Потоа прави анализа на лицето, на движења на усните и според тоа ги одредува чувстватата“, објаснува Рагузе.

За овој проект институтот Фраунхофер досега анализирал вкупно 25.000 фотографии за да открие повеќе илјади поедини критериуми на лицето, кои сега може директно да ги препознае. Оваа технологија засега се користи во САД во областа на маркентишката бранша. Како на пример, за рекламни табли на улиците. Доколку некогаш застанете пред некоја реклама и во тој момент се придвижи, тогаш знаете оваа техника се користи и во Германија.

Автор: Керстин Шрајбер / Светлана Брик

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми