1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Проруските сепаратисти ослободиле 1.200 украински заложници

Александар Методијев/афп/ројтерс/миа8 септември 2014

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека Киев успеал да „ослободи“ 1.200 лица земени во заложништво од страна на проруските бунтовници за време на нивното петмесечно востание.

Фотографија: Reuters/Vasily Fedosenko

„Во минатите четири дена успеавме да ослободиме 1.200 од нашите затвореници“, изјави Порошенко (во средина на насловната фотографија) за време на неговата посета на југоисточниот пристанишен град Мариупол. Наводно, лицата се ослободени како дел од примирјето склучено во петокот.

Пред неговото склучување проруските бунтовници спроведоа акција во градот кој денеска беше посетен од Порошенко. Примирјето сега се чини дека се почитува.

„Мариупол е Украина. Нема да ја предадеме земјава на никого“, запиша Порошенко на Твитер, додека посетуваше работници во една фабрика.

ОБСЕ информираше денеска дека примирјето во земјата е кршливо. „Генерално, примирјето се почитува, но се уште е нестабилно“, изјави Томас Гремингер, актуелен претседавач со ОБСЕ. Од оваа организација има 250 набљудувачи во Украина. Гремингер најави дека следните денови ќе бидат од пресудно значење за ситуацијата во Украина.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми