1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Дејан Георгиевски го оживеа сонот за олимписки медал

ДТЗ
29 јули 2021

„Знам дека најавив злато, но ова е срабро со златен сјај“, порача македонскиот репрезентативец во теквондо по враќањето од Токио. 

Nord-Mazedonien Skopje |  Olympia-Medaillengewinner Dejan Georgievski wird feierlich empfangen
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Стотици граѓани, вљубеници во македонскиот спорт, вечерва на плоштадот Македонија со пречекаа македонскиот репрезентативец во теквондо, за да го прослават неговиот голем успех на Олимписките игри во Токио. „Ова се денови за славење и на тимот кој го донесе среброто за Северна Македонија, но и за целата земја“, беше пораката испратена од централната прослава во Скопје. 

Фотографија: Petr Stojanovski/DW


„Дејан го оживеа сонот којшто го имавме одамна“, порачаа неговите тренери пред преполниот плоштад, каде бројни граѓани дојдоа да го пречекаа олимпиецот. 
По големиот успех и освоениот сребрен медал на Летните Олимписки Игри во Токио, Дејан Георгиевски и неговиот тим денеска имаа средба со директорот на Агенцијата на млади и спорт, Наумче Мојсоски. Македонскиот репрезентативец во теквондо кој оствари извонреден резултат, се заблагодари на поддршката од јавноста и вети напорна работи и медали и во иднина.

-повеќе на темата: Сребрен медал вреден како злато - успех на С. Македонија на Олимписките игри во Токио

„Голема благодарност до цела Македонија, до целата јавност, до целиот народ за огромната поддршка. Знам дека најавив злато пред ОИ, но за жал овојпат е сребро, ама со со златен сјај ако се знае преку какви противници минав. Се надевам, сигурен сум дека на следните ОИ во Париз ќе имаме многу повеќе претставници од теквондото и до другите спортови. Им посакувам успех на останатите наши спортисти во Токио, се надевам ќе не израдуваат со уште некој медал“, рече Георгиевски.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски вели дека ќе се заложи во блиска иднина боречките спортови да добијат свој дом и со тоа значително да се подобрат условите за работа на македонските спортисти.

„Дејан го оживеа сонот којшто го имавме одамна“, порачаа неговите тренери.Фотографија: Maja Hitij/Getty Images

„Георгиевски сите нас не направи горди. Тој во еден ден, за само неколку часа совлада неколку фаворити. Освои сребро, но за нас Дејан е златен. АМС со иста мотивација ќе го поддржува и понатаму. Од наша страна дефинитивно ќе заземеме друг став за боречките спортови. Наша заложба ќе биде во иднина сите боречки спортови да си добијат свој дом и подобри услови од аспект на опрема, сали и слично. Се надевам дека нивните проблеми и пехови заеднички ќе ги решиме“, вели Мојсовски.

Дејан Георгиевски во еден ден, за само неколку часа совлада неколку фаворити.Фотографија: Murad Sezer/REUTERS

Интересно е што сестрата на Дејан Георгиевски, Ана Марија Георгиевски го има постигнато најголемиот успех во јуниорска конкуренција во самостојна Македонија, донесе бронзен медал од јуниорско првенство, а брат му е балкански шампион во теквондо.

Владата, АМС, МОК и Град Скопје најавија парични награди за Дејан Георгиевски. Тој по историскиот настап на Олимписките игри, каде што го освои сребрениот медал, стана најуспешниот македонски спортист на Олимписките игри, а ова е прв медал за нашава држава по пауза од 21 година.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми