Великаните на европскиот фудбал, Реал Мадрид и Бајерн Минхен се закитија со уште по една титула во домашните првенства. За Реал, тоа беше прва титула по пауза од цели пет години. За Бајерн, пак, петта едноподруго.
Реклама
Додека во Мадрид се прославуваше до долго во ноќта по улиците и на плоштадите, во Минхен прославата мина малку поскромно, но во исто време откри и досега непознати музички „таленти“. Особено изненади тренерот на баварците Карло Анчелоти.