1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Москва негодува поради „злонамерната“ постапка на Берлин

Кристијан Валц
5 април 2022

Русија најави остра реакција на протерувањето на руски дипломати од Германија. Протерувањето беше реакција на злосторствата во украинскиот град Буча.

Berlin Botschaft Russlands
Руската амбасада во БерлинФотографија: Sean Gallup/Getty Images

„Ќе одговориме на овој злонамерен акт на германската политичка машина“, соопшти Министерството за надворешни работи во Москва во врска со протерувањето руски дипломати. Руската амбасада во Берлин на Телеграм напиша: „Неосновано намалување на дипломатскиот персонал во руското претставништво во Германија ќе го стесни просторот за одржување на дијалогот помеѓу нашите земји, што ќе доведе до натамошно влошување на германско-руските односи.“

Заменикот претседател на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, оцени дека протерувањето дипломати како средство за притисок е „бесмислена“ навика која води „во празно“. Сепак, Русија во вакви случаи вообичаено реагира со протерување на сличен број дипломати.

Како реакција на ужасите во украинскиот град Буча, за кои се претпоставува дека се извршени од руските сили, германската влада вчера (4.04) прогласи за „непожелни“ 40 руски дипломати. Работата на овие вработени во амбасадата на Русија во Германија е „закана за оние кои кај нас бараат заштита“, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок. „Тоа нема натаму да го толерираме“, потенцираше таа. Дипломатите сега имаат рок од пет дена да ја напуштат Германија.

Аналена Бербок, министерка за надворешни работи на ГерманијаФотографија: Filip Singer/Getty Images

Сликите од Буча „сведочат за неверојатна бруталност на руското раководство“ и на оние кои ја следат неговата пропаганда, сведочат за „волја за уништување која ги надминува сите граници“, нагласи Бербок.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми