1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протестирам за фер избори, ГДОМ за избори на 5 јуни

БГ4 мај 2016

Движењето Протестирам денеска продолжува во повеќе градови низ цела Македонија. Поддршка најавуваат и земјоделците. ГДОМ организира контра-протести со барање за избори на 5 јуни.

Фотографија: BIRN/Prizma

Доумерено облачно време со сончеви и пркосни периоди, најавува за денеска движењето Протестирам во повеќе градови во Македонија.

Според соопштението на организацијата, денеска ќе се протестира во Скопје, Штип, Велес, Тетово, Битола, Струмица, Радовиш и Гевгелија. Приклучување кон протестите најавиле и земјоделци од Крива Паланка и Облешево кои планираат блокади на патиштата.

Фокусот на денешниот протест во Скопје ќе биде на неопходните реформи за фер и демократски избори.

Контра-протести за вечерва најавија и поддржувачите на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Здружението ГДОМ на улиците во Битола, Штип, Велес, Делчево, Гевгелија, Струмица, Куманово, Радовиш и Тетово, ќе бара одржување избори на 5 јуни.

Провладини протести во Скопје, 21 април.Фотографија: DW/P. Stojanovski

„Стоп за деструктивните сценарија, доста ни е од наметнатата криза. Избори мора да има, народот мора да го искористи демократското право да одлучува за својата иднина“, ја пренесуваат провладините медиуми пораката на ГДОМ.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми