1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протестите не запираат

ЕМФ17 април 2016

На улиците на Скопје, но и во Битола и Струмица, илјадници граѓани повторно побараа оставка од претседателот Иванов поради одлуката за амнестија.

Фотографија: picture alliance/abaca

Со извиците „Нема правда, нема мир“ и „Оставки“ илјадници граѓани петти ден по ред го изразија својот револт од одлуката за амнестија што ја донесе претседателот Иванов. Протестите, освен инцидентот кај Триумфалната порта, кога човек, од страна на демонстрантите оценет како провокатор, удри девојка која сакаше да направи графит, минаа мирно.

За разлика од претходните денови, приврзениците на ВМРО-ДПМНЕ не организираа контрапротести. Протести против амнестијата на Иванов #протестирам денеска ќе се одржат и пред македонската амбасада во Вашингтон, САД. Иселениците на овој начин сакаат да им изразат поддршка на своите сограѓани во Македонија.

Погледнете ја атмосферата во Скопје вчеравечер:

Протестите не запираат

02:06

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми