Протести во Бугарија
11 ноември 2013Вчерашните демонстрации (10.11) ги организираа студентите, кои инаку со протести почнаа пред неколку недели. Учесниците на демонстациите ја обвинија коалициската Влада на социјалистите и на партијата на бугарските Турци, која е избрана пред пет месеци, за корупција и за „поврзаност со сомнителни бизниси“. Демонстраните, кои извикуваа „Мафија“ и „Оставка“ и свиреа со свирчиња, одржаа протестна прошетка низ главните улици во центарот на Софија, отакако полицијата ги блокира реоните околу владините згради и не им дозволи пристап до нив. Информации за евентуални судири меѓу демонстраните и полицијата нема.
Протестите вчера беа организирани на денот кога Бугарија одбележуваше 24 години од падот на комунистичкиот режим на Тодор Живков. Живков беше симнат од власт на 10 ноември 1989 година со партиски пуч.