1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД: „Луѓето се чувствуваат безнадежно и беспомошно“

Карла Блајкер
1 јуни 2020

Немирите по убиството на уште еден афроамериканец од страна на полицаец се резултат на пошироки неправди низ САД. За тоа да се поправи и промени, не треба да се смени само однесувањето на полицијата.

Kanada Toronto | Tod George Floyd durch Polizeigewalt in Minneapolis, US | Protest
Фотографија: Reuters/C. Osorio

Протестите пред Белата куќа продолжија до доцна во ноќта. Кај 1 часот по полноќ во неделата во реонот околу владиното седиште можеа да се слушнат хеликоптери и силни истрели. Ова е втора ноќ по ред, во која стотици демонстранти се собираат пред Белата куќа во знак на револт против полициското насилство и расизмот.

Протестите во Вашингтон се дел од немириите во целата земја кои се раширија по смртта на Џорџ Флојд од Минеаполис. 46-годишниот афроамериканец почина на 25 мај откако еден полицаец осум минути со колено  го притискаше на вратот игнорирајќи го неговиот повик  „не можам да дишам!“. Сстанува збор за полициска акција поради тоа што Флојд наводно сакал во еден супермаркет да плати со фасификувана 20 доларка.

Смртта на Флојд потсетува на случајот Ерик Гарнер. Афроамериканецот почина во деќември 2014 година, откако полицаецот како што го свиткал одзади го задавил. Пред да умре легнат на земја, Гарнер исто таа викал неколкупати „не можам да дишам!“ Овие случаи се само два примера од долгата листа на невооружени афроамериканци убиени од полицајци белци.

Фотографија: AFP/Facebook/Darnella Frazier

„Ако молчиме тогаш сме соучесници„

„Движечката сила зад протестите се фрустрациите на луѓето,“ вели Др.Брајант Маркс, професор по психологија на традиционалниот афроамерикански универзитет Морхаус Колеџ, кој го посетувал и Мартин Лутер Кинг. „Тие се чуствуваат безнадежно и беспомошно. А многу полицајци и други членови на нашето општество не го разбираат тоа“. 

Повеќе:

-САД во пламен, Трамп во бункер

-Смртта на Џорџ Флојд треба да ја разбуди и белата Америка

-Џорџ Флојд: Ерупција на насобраниот гнев ширум САД

Mаркс за ДВ додава и дека американскиот претседател Доналд Трамп не придонесува за поголемо разбирање меѓу афроамериканците и полицајците. Трамп ги опиша демонстрантите со еден специфичен збор дека се „насилници“ но во смисла на гангстери кој исклучиво се користи за црнците. Претседателот додуша му изрази сочуство на семејството на Флојд, но Маркс смета дека го сторил тоа неубедливо. Сочуствителни зборови може да се слушнат од претседател само кога ги чита, вели професорот по психологија. „Кога зборува слободно или од она што го пишува во твитовите се гледа неговото вистинско јас“. 

Минеаполис не се смирува

01:19

This browser does not support the video element.

Трамп е критикуван од повеќе страни. Со неговото однесување му дава „материјал“ на фанатизмот, пишува претседателскиот кандидат на демократите Џо Бајден на Твитер. „Ако молчиме, тогаш сме соучесниици во продолжување на ваквите циклуси на насилство,“ вели Бајден во друга Твитер-порака.

Предрасуди не само за полицајците

Црнците не стојат полошо од белците во САД само во статистиките за полициска бруталнист. Тие во просек имаат повеќе здравствени проблеми и помал пристап до добра медицинска нега. Една последица: во пандемијата на Ковид-19 во САД досега од вирусот починаа значително повеќе афроамериканци во споредба со белци – речиси 23% од жртвите се црнци, а притоа афромериканците се 13% од целото американско население.

„Во САД имаме загрижувачки нееднаквости во однос на здравството,“ вели Др. Ашвин Васан за ДВ. Васан е професор по медицина на Колумбија Универзитетот и доктор во Презвитеријанската болница во Њујорк. „Вирусот ги влоши овие нееднаквости кои постојат со векови до ден денес,“ вели Васа. Убиството на Џорџ Флојд го погоди оној дел од населението кое во изминативе месеци изгуби многу пријатели и членови на семејствата поради коронавирусот.

Може ли демонстраните, кои сега се на улица во знак на протест против расизмот, да ги променат вековните неправди во земјата? Маркс смета дека е возможно, ако протестите потраат, а во медиумите остане актуелна темата, предлог законите за полициското однесување и контрола од чиновниците во некои сојузни држви може да се стават на гласање пред изборите во ноември.

Но, тој исто така вели дека не е доволно само ако полицајците се држат до построги правила и поминат специјални обуки. Предрасудите, особено кон младите афроамериканци се раширени низ целата земја. „Ако сакаме вистински да се справиме со оваа ситуација“, вели Маркс, „тогаш целото општество мора да се промени.“

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми