1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протести во Србија – долгата сенка на комунизмот

Миодраг Шориќ
9 јули 2020

Демонстрантите во Белград и други српски градови имаат добра основа да излезат на улица. На изборите на 21 јуни беа излажани од нивниот претседател Александар Вучиќ, смета Миодраг Шориќ.

Serbien Coronavirus Proteste
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Isacovic

Странски агенти – тие се! Темните сили од преку граница ги влечат конците на демонстрациите во Србија. Во тоа е сигурен претседателот Александар Вучиќ. Пред само неколку недели тој освои убедлива победа на таканаречените “избори„. Контролира две третини од местата во парламентот. Веројатно затоа сега му паѓа потешко да ја објасни позадината на немирите и незадоволството од неговата влада. Или како на овие измислени „странски агенти“ им успева да управуваат со десетици илјади демонстранти на улица во повеќе градови.

Вучиќ не посочува имиња. Само шири теории на заговор, старите комунистички непријатели. Тоа го научи од неговиот ментор, злосторникот Слободан Милошевиќ. Исто како него мутираше од комунист во националист, а сега се преправа дека е демократ. Од Милошевиќ ги презеде и методите за останување на власт: прогон на опозицијата, притисок врз медиумите, контрола врз правосудството. Последните „избори“ во Србија беа сѐ само не тоа – во најмала рака не беа демократски. Ова јасно е искажано во извештаите на ОБСЕ и од други набљудувачи. 

Специјални единици против демонстрантите

Луѓето во Србија веќе втора вечер по ред демонстрираат бидејќи се чуствуваат измамено. Не само на изборите. Во неделите претходно Вучиќ ги острани речиси сите заштитни мерки против ширење на пандемијата. Тој се преправаше дека кризата е под контрола. Но, по изборите испадна дека ситуацијата е многу полоша отколку што зборуваше пред изборите: пандемијата беснее, се губат сѐ повеќе човечки животи. Економијата е во голем пад. А одговорниот претседател невино си ги мие рацете од одговорност. 

Повеќе:

-Повторно безредија на улиците на Белград

-Вучиќ обвини „странски служби“ за протестите во Белград

-Протестите во Белград - излив на колективна фрустрација

Сега Вучиќ ги испраќа своите специјални единици против демонстрантите, дел во униформа, дел во цивил. Ако им се верува на демонстрантите, меѓу луѓето на улица се инфилтрираат и разузнавачи, дејствуваат насилно со цел да го нарушат отпорот.

Миодраг Шориќ, автор на коментарот

Полицијата во никој случај не е воздржана, како што тврди Вучиќ. Кружат многу слики на кои се гледа како полицијата со пендреци удира мажи и жени кои лежат на земја, но удира и по деца. Српските безбедносни сили со децении се срам за оваа земја.

Србија не е демократија. Иако ситуацијата одамна е таква, таа нема ништо загубено во ЕУ. Европската унија ионака има доволно главоболки од автократските премиери од Централна Европа во своите редови. Само уште една од истата сорта која би требало да се финансира од заедничката каса.

Канцеларката е на потег

Ангела Меркел во Брисел на почетокот на германското претседателство со ЕУ имаше полна уста зборови за значењето на правната држава и демократијата во Европа. Овие изјави ќе станат кредибилни само доколку канцеларката преземе и конкретна акција – на пример прекин на претпристапните преговори со Србија додека е Вучиќ на власт. Брисел треба да спроведе и независна истрага за тоа кој е одговорен за бруталните напади врз демонстрантите. Ако Србија одбие да соработува, тогаш ЕУ треба да им забрани влез на полициские началници, како и на претставници на министерствата за внатрешни работи и правда.

Бурна ноќ во Белград

02:14

This browser does not support the video element.

ЕУ не смее да им дозволи да се извлечат. Канцеларката премногу долго го поддржува Вучиќ. Тоа може да остави темна дамка врз нејзината успешна кариера како канцелар. Силата на Вучиќ е слабоста на неговите противници: српската опозиција е раскарана. Исто така на атеистот Вучиќ му успеа да ја придобие Српската православна црква. Поточно, некои од епископите – како оној во Војводина – дозволија да бидат инструментализирани. Вучиќ ја контролира и државната администрација и сите поврзани ресурси. Се додека тоа е така, тој си обезбедува опстанок на власт.

Егзодус на Србите

Трагедија е што ситуацијата не е толку лоша за Западот. На Балканот владее мир, а млади и добро образовани Срби ја напуштаат земјата во потрага по среќа во Канада, Франција или Германија. Ако во Србија по распадот на Југославија живееа 10 милиони Срби, сега се останати седум милиони, а веројатно за неколку децении ќе се сведат на два до три милиони. Така проблемот со проблематичниот народ на Балканот ќе се реши сам од себе. Пред се благодарение на Александар Вучиќ и неговите поддржувачи.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми