1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протести и марш против францускиот предлог во Скопје

5 јули 2022

Повеќе илјади граѓани и денеска излегоа на протести против францускиот предлог за почеток на пристапните преговори со ЕУ на Северна Македонија. Маршот започна пред владата, а заврши пред Собранието

Nordmazedonien | Skopje | Proteste EU Beitritt
Протести против францускиот предлог во Скопје. фото: архива

Протестите против францускиот предлог за почеток на пристапните преговори со ЕУ на Северна Македонија влегоа во четвртиот ден. Повеќе илјади граѓани во вторникот своето незадоволство од предлогот го изнесоа пред седиштето на владата, а оттаму продолжија преку Министерството за надворешни работи кон Собранието. За разлика од понеделникот, досега немаше обиди да се урне заштитната ограда пред владата и да се влезе во зградата.

На пат кон Собранието неколку десетици демонстранти влегоа во вербални расправии со случајни минувачи кај ТЦ Мавровка и извикуваа навредливи пароли кон албанската етничка заедница.

Кон зградата на МНР беа фрлени повеќе петарди и јајца и беше побарана оставка од министерот Бујар Османи.

Протестот продолжи пред Собранието каде повторно се бараа оставки, во прв ред од Османи, но и од целата влада. Повеќе говорници од бината порачаа дека францускиот предлог е неприфатлив за нив. 

Протестот можете да го следите во живо на нашата Фејсбук страница: 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми