Протести и судири по повод Први мај
2 мај 2016Во Берлин и во Хамбург полицијата уапси демонстранти кои со камења и шишиња гаѓаа по полицајците. Хамбуршката полиција зборува за масивни напади врз своите службеници со опасни пиротехнички материјали. Во Берлин се уапсени исто така две лица, протестите во голем дел потоа протекле мирно.
Во Истанбул ситуацијата беше напната, полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демоснрантите, кои и покрај забраната се обидоа да се пробијат до плоштадот Таксим. Еден 57-годишен човек беше прегазен од полициско возило и почина по тешките повреди. Уапсени беа 207 демонстранти. Во полициската акција учествувале околу 25.000 полицајци.
Во Париз продолжи гневот поради реформата на пазарот на труд која ја планира социјалистичката влада. Полицијата употреби солзавец и водени топови против повеќемина маскирани демонстранти, кои фрлаа со камења и петарди по полицајците.
Вчера на улиците низ цела Франција излегоа на протести околу 84.000 луѓе.
Први мај, Меѓународниот ден на трудот, беше одбележан со низа манифестации и демонстрации низ цел свет.