1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протести на Србите во Бања Лука против независноста на Косово

Горан Чутаноски27 февруари 2008

Околу 10.000 Срби вчера во Бања Лука мирно протестираа против независноста на Косово. Во текот на демонстрациите група од околу 300 млади се обиде да ги нападнe американскиот и германскиот конзулат во Бања Лука.

Од протести во Република СрпскаФотографија: AP

Групата средношколци прво се упати кон германскиот и францускиот конзулат во Бања Лука. Откако полицијата им го пресече патот, тие се обидоа да се пробијат кон американскиот, при што дојде до директен судир на демонстрантите со босанските специјалци.

Централната манифестација мина мирно Инаку централната манифестација на плоштадот во Бања Лука под мотото „Косово е срцето на Србија„ мина мирно. На насобраните 10.000 Срби им се обратија претседателот на Собранието Игор Радојчиќ и премиерот Милорад Додик. Додик нагласи дека Република Српска никогаш нема да го признае Косово, бидејќи тоа го загрозува нејзиниот витален национален интерес. „Додека живееме овде нема да признаеме никаков акт на насилство, што го одвои Косово од Србија. На мојот беџ пишува Косово е Србија и јас сум многу горд што го претставувам овој народ. Денеска заминувам за Брисел за да им кажам дека доаѓам од моќен митинг на Србите и другите граѓани на Република Српска и дека секогаш вака ќе реагираме на неправда.„ Еве што велат дел од насобраните граѓани, кои допатуваа од сите делови на Република Српска.„Сакам да кажам дека дојдов за подобро утре на српскиот народ.“„Се знае поради овој митинг, поради одземањето на Косово од Србија. Тоа е исто и наш проблем.“
Мирниот протест на граѓаните на Република Српска против независноста на Косово траеше околу еден час, а дивеењето на младите насилници полицијата го запре во раните попладневни часови.
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми