Протест на новинарите од Перо Наков
13 јули 2011Реклама
Десетина новинари од редакциите на весниците "Шпиц", „Време“ и „Коха е Ре“ протестираа попладнево пред зградата на телевизијата „А1" барајќи да им се исплатат заостанатите плати и придонеси.
Управителот на "Плус продукција", фирмата која ги издава трите весници, ги информирал вработените дека весниците дефинитивно згаснуваат и дека ќе одат во стечај. Своите побарувања вработените ќе мораат да ги бараат во стечајната постапка.
Проценка на Самостојниот синдикат на новинарите е дека околу 150 медиумски работници од весниците и магазините, чиј неформален сопственик е обвинетиот бизнисмен Велија Рамковски, ќе останат без работа.
Автор: КД/дв
Редактор: Борис Георгиевски