1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Противникот на Путин осуден за проневера

ЕМФ/дв18 јули 2013

Рускиот опозиционен политичар и критичар на Кремљ, Алексеј Навални, е прогласен за виновен во контроверзниот судски процес за проневера. Тој е осуден на пет години затвор.

Фотографија: Reuters

Адвокатот и блогер Алексеј Навални е прогласен за виновен по обвинението дека проневерил 16 милиони рубљи (околу 400.000 евра) во една државна дрвопреработувачка фирма додека работел како советник на гувернерот во 2009 година. Обвинителството за 37-годишникот побара казна затвор од шест години.

Против Навални, кој е познат борец во Русија против корупцијата, се водат неколку постапки. Како блогер тој стана познат со своите критички ставови за дубиозното работење на руските големи концерни. Во странство стана познат за време на протестите против спорните парламентарни избори во Русија, во декември 2011 година. Тој беше и еден од организаторите на масовните протести против рускиот претседател Владимир Путин минатата година. Навални вели дека обвиненијата против него се политичко инсценирање на Кремљ и обид тој да биде тргнат од политичката сцена.

Инаку, Навални вчера доби дозвола да настапи како кандидат на изборите за градоначалник на Москва, но во кампања можеше да влезе само ако беше ослободен од обвиненија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми