1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Zehntausende demonstrieren in Moskau

5 февруари 2012

Со своите протести противниците на Путин ја докажаа упорноста. Но, и неомилениот претседателски кандидат ги мобилизира своите поддржувачи.

Kommentar bulgarisch

Загриженоста на организаторите на анти-Путин протестите беше неоправдана: незадоволството од фалсификуваните избори за Думата и Путиновото планирано враќање на чело на државата беше доволно силно како и претходно за да дојде до впечатливи демонстрации во Москва. Ниту силниот студ не ги спречи илјадниците московјани прво да поминат по улиците, а потоа да се соберат на плоштадот Болотнаја, истакнувајќи ги своите политички барања-на истото место, на кое на 10 декември 2011-та година новото руско цивилно општество го покажа своето лице.

Да се спречи нов мандат на Путин како претседател

Но, внимателното следење на протестите покажува - демонстрантите се единствени само во едно: во барањето слободни избори и одбивањето на второ доаѓање на Путин за претседател на Русија. Во сите други политички прашања мислењата се разијдуваат.

На анти-Путин протестното движење не му недостасува само заеднички кандидат. Меѓу демонстрантите е присутна широка палета политички идеологии: либерални и социјалдемократски сили во западен стил, руски националисти и леворадикални комунисти. Моментно е тешка претпоставката како овие толку различни групи би можеле да се обединат под едно ново политичко водство и околу реформа на политичкиот систем во Русија, ако воопшто успеат да го спречат Путин како следен претседател.

Иако ова се клучни прашања и долгорочно исклучително важни, моментно не играат никаква улога.

Втора рунда веќе би бил успех

Целта на протестното движење фактички е многу поскромна и поради тоа прилично реална - да се спречи победа на Владимир Путин во првиот круг на претседателските избори на 4 март и да се принуди на одење на втор круг со уште еден друг кандидат. Од аспект на протестното движење тоа би бил голем успех, зашто на Путин ќе му ја одземе аурата на неоспоруван „национален водач“ и ќе го ослабне во очите на бирократијата која го поддржува.

Инго Мантојфел, автор на коментарот

Путин самиот потврди дека стравува од ваков развој. Минатата недела предупреди дека наводно втор изборен круг би водел кон дестабилизација на политичката состојба во Русија. Со оваа изјава го поттикна широко распространетиот страв кај населението од хаос и нестабилност.

Сигурно - ваков развој за Русија не е пожелен. Крвава револуција би била последното што сега и‘ е потребно на земјата. Меѓутоа, зошто уставнно неспорен втор изборен круг на претседателските избори би влијаел дестабилизирачки? Тоа кажува многу за начинот на расмислување на Путин и актуелниот политички систем.

Жежок февруари

Протестниот марш во Москва јасно покажа дека широко распространетото незадоволство од системот на Путин изминатите недели не е исчезнато, ниту беше спречено од сибирскиот студ во Москва.

Но, ниту Кремљ вчера (04.02) не седеше со скрстени раце: во јужниот дел од Москва беше организиран про-Путин собир, на кој противниците на Путин беа обвинети за намера да ја турнат во хаос Русија преку „портокалова револуција“. Политичка Русија се наоѓа пред еден жежок февруари.

Коментар на Инго Мантојфел

Превод: Жана Ацеска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми