Работилница има за цел медиумите да се претворат во сојузник во борбата против дискриминација на Ромите. Уредници, експерти за социјални медиуми и медијатори апелираат на поголема сензитивност кога се обработуваат теми за Ромите, како на традиционалните, така и на социјалните медиуми, зашто во голема мера постои дискриминаторски и говор на омраза и стереотипизација на ромското население.