1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Проширувањето на ЕУ приоритет за Словенија

Тони Гламчевски16 јануари 2008

Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е еден од приоритетите на Словенија, порача премиерот Јанша во Стразбур и нагласи дека треба да и се помогне на Македонија за да не се претвори во еден вид затвореник на регионот.

ЕУФотографија: AP

За Претседателот на владата на Република Словенија, Јанез Јанша првиот политички приоритет при неговото претседавање со ЕУ е ратификацијата на Лисабонскиот договор, што е под одговорност на секоја држава членка. „Целта е да Лисабонскиот договор стапи на сила на 1 јануари 2009“, рече тој. Приоритетни се и постојаните економски реформи за поголем економски развој и просперитет, како и напорите за заштита на природата.“

Како и што се очекуваше пред Европскиот парламент во Стразбур, Јанша потврди дека понатамошното проширување ќе биде еден од главните приоритети на Словенија. „Во рамките на иднината на ЕУ, ние треба да зборуваме за проширувањето кое се уште не е завршено. Ако се погледне картата на Европа, добро ќе се заблежи дека процесот на проширувањето не е завршен. “- нагласи Јанша. Затоа словенечкото претседателство ќе ги продолжи преговорите со Хрватска и Турција.

ЕУ треба да и помогне на Македонија

Посебно поглавје ќе им биде посветено на државите од Западен Балкан. Словенија ќе го продолжи она што беше утврдено со Солунската агенда.

„Ние не сакаме да ги намалиме критериумите и да ги скратиме роковите, туку сакаме Унијата да им подаде рака и да се ангажира и ги поддржува овие држави во нивниот реформски процес“, подвлече Јанша.

„Поранешната југословенска република Македонија, доби кандидатски статус во 2005, но не и датум на преговори. Таа има спроведено многу успешни реформи, некои треба да се довршат и во тоа мораме да и помогнеме. Не смееме да дозволиме таа да се претвори во еден вид затвореник на регионот. Колку ќе се реши побрзо статусот на Косово, толку тоа ќе придонеси повеќе за нејзината поголема стабилност.“

Решението за косовското прашање треба да биде прифатливо за двете страни

Прашањето на Косово е во самото јадро на Западен Балкан, смета премиериот на Словенија. „Ние сакаме косовското прашање да биде разрешено на тој начин, што тоа ќе биде прифатливо за двете страни.“ Ова прашање не може да се одлага, додаде тој, бидејќи тоа ќе се одрази на стабилноста на целиот регион. Потсетувајќи дека Балканот се уште не е стабилизиран.

Затоа Србија и покрај турбуленциите треба да се поддржи на Европскиот пат. Посебно винамание ќе треба да и се посвети и на Босна и Херцеговина, а не треба да се заборават Црна Гора и Албанија истакна меѓу другото пред ЕП во Стразбур премиерот на Словенија Јанез Јанша.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми