1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Птичји грип: нема место за паника

2 март 2006

На првиот случај на заболување мачка од птичјиот грип властите во Германија реагираа со поострени мерки на предострожност. Така во зоните каде се појави вирусот мачките мораат да останат дома, а кучињата мора да се водат на ремен.

Фотографија: AP

Кризниот штаб на германската влада на вчерашната итна седница ги донесе новите мерки на предострожност, предупредувајќи истовремено од паника. Виролозите не ја исклучуваат можноста од пренесување на вирусот од домашните животни на луѓето, но Министерката за здравство Ула Шмит посочи дека птичјиот грип и понатаму останува болест на животните:

„Птичјиот грип останува болест на животните и останува и понатаму ставот дека нема пренесување на заразата од човек на човек. А пренесување од животно на човек може да има само тогаш, кога човекот бил во тесен контакт со заразена живина!„

Министерот за земјоделсатво Хорст Зехофер денеска се среќшава со претставници на живинарската индустрија и со експерти за да расправа за натамошните мерки на заштита. Меѓу другото ќе станува збор и за прашањето дали има смисла да се спроведе вакцинација на живината.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми