1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Птичји грип

19 август 2005

Германската сојузна влада ги засилува мерките на предострожност против можноста птичјиот грип од Азија да се прошири врз Европа. Министерката за земјоделство Ренате Кинаст изјави дека се тргнува од најлошата можност.

„Најважно е тоа што се договоривме во соодветно време загрозените животни да се држат по цел во затворено. Таму каде што тоа не е можно, потребно е да се држат подалеку од пристапот до вода. Се подготвуваме всушност за најлошата варијанта„.

Институтот Роберт Кох побара поголема одговорност во предупредувањето на можноста од епидемија на грип кај луѓето. Претседателот на институтот Рајнхарт Курт изјави:

„Она што не загрижува нас како и министерствот за здравство е тоа што вирусот може да мутира и некогаш да се пренесува од човек на човек. Тогаш ќе имаме проблем чии последици веднаш треба да се сведат на минимум„.

Експертите птичјиот грип го нарекуваат Авере Инфлуенца. Птичјиот грип го има во повеќе варијанти. Ги напаѓа пред се домашните животни како кокошки, патки или гуски, но и дивите птици. Предизвикувачи се вируси слични на оние на човечкиот грип. Посебно опасен вирус на птичји грип беше оној што се појави во 1997 година во Јужна Азија, пред се во Виетнам, но и во Тајланд, Камбоџа и Индонезија од што починаа 60 лица. Овој тип вирус очигледно сега се појави и западно од Урал и во Казахстан. Битката против него се води со масовно убивање на животните во подрачјата каде што е во епидемски размери.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми