Пукотници пред парламентот во Лондон
22 март 2017Како што изјави претставник на британскиот парламент, пред зградата на парламентот напаѓач повредил еден полицаец, по што бил убиен од страна на полицијата.
Претходно, британските медиуми јавија дека има пукотници пред британскиот парламент. Портпатолот на парламентот за агенцијата АФП изјави дека пратениците добиле упатство да не ја напуштаат зградата. Целиот простор околу зградата на парламентот е блокиран, а луѓето во околината се евакуираат. Би-Би-Си повикувајќи се на полицијата јави дека се верува оти во близина на зградата има сомнителен камион. Од полициски извори се вели дека нападот ќе биде третиран како „терористички, сѐ додека не стигнат поинакви сознанија.“
Од Даунинг стрит е соопштено дека британската премиерка Тереза Меј е на безбедно. Мотивот за нападот сѐ уште не е познат.