Годинава жирито на Пулицеровата награда им оддаде специјално признание на украинските новинари и новинарки за нивната храброст, издржливост и посветеност.
Реклама
Во светот го има речиси истиот статус како Оскарот: Пулицеровата награда, која од 1917 година се доделува првенствено за новинарски достигнувања - дури и ако само американските медиуми и автори можат да се квалификуваат за неа. Тоа е „златен стандард на американското новинарство, уметност и литература“, истакнува Марџори Милер, поранешна репортерка и од неодамна администраторка на одборот за доделување на Пулицеровите награди.
„Во моменти кога вистината е нападната, ќе се борам силно за тоа слободниот печат да продолжи да бара одговорност од оние кои се на власт и да ја разоткрива неправдата“, порачува Милер.
Во 2022 година, наградата беше доделена во 22 категории, од кои 15 се резервирани за новинарската област, од истражувачки прилози до спектакуларни фотографии и карикатури. Наградата се доделува и за книжевни дела како и за музички и театарски дела.
Весникот „Вашингтон пост“ ја доби наградата во главната категорија „Во служба на јавноста“ за извештајот „Атак“. Станува збор за извештај за упадот во американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година од страна на поддржувачите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и приврзениците на теорите на заговор, еден од „најмрачните денови на нацијата“, како што истакна Марџори Милер.
Како течеше упадот на поддржувачите на Трамп во Капитол
Доналд Трамп, сѐуште актуелен претседател, долго ги подбуцнуваше своите најверни симпатизери. Последица: некои од нив на 6.01.2021 упаднаа во срцето на американската демократија.
Фотографија: Leah Millis/REUTERS
Создавање набој
Бројот на фанатични поддржувачи на Трмап пред Конгресот во САД растеше преку цел ден. Во почетокот, полицијата успеваше да одржува ред.
Фотографија: Olivier Douliery/AFP/Getty Images
Први судири
Паралелно со заедничката седница на двата дома на Конгресот, Сенатот и Претставничкиот дом, на која требаше официјално да биде потврдена победата на Џо Бајден на претседателските избори, пред Капитол се собираа приврзеници на поразениот претседател Доналд Трамп. Дојде до први судири со полицајците кои требаше да го обезбедуваат Конгресот.
Фотографија: Stephanie Keith/REUTERS
Преслаб кордон
Сѐ поразјарената толпа сакаше да продре во Капитол. Полицајците се обидуваа да ги спречат. На некои агресивни поддржувачи на Трамп им успеа да влезат во зградата.
Фотографија: Win McNamee/Getty Images
Упад во Капитол
Дел од демонстрантрантите успеаја да продрат длабоко во зградата, дури до вратите на Сенатот.
Фотографија: Win McNamee/Getty Images
Одбрана на последниот бастион
Обезбедувањето се обидуваше да ги држи во „шах“ насилниците во влезната хала. Политичарите во Сенатот низ задна врата беа изведени на безбедно место.
Фотографија: Manuel Balce Ceneta/AP Photo/picture alliance
Еден се проби
Во меѓувреме, еден од приврзениците на Трамп успешно се проби покрај полицајците и упадна во Сенатот. Од трибината за посетители тој скокна во пленарната сала.
Фотографија: Win McNamee/Getty Images
Со пиштоли спремни за пукање
Истите слики се повторуваа во другите крила на Капитол. И Претставничкиот дом беше цел на натрапниците. Припадниците на обезбедувањето на Конгресот ги запираа - со вперени пиштоли.
Фотографија: J. Scott Applewhite/AP Photo/picture alliance
Непријателско преземање?
Симпатизерите на Трамп навлегуваа сѐ подлабоко во зградата, сѐ до ходниците со канцелариите на Конгресот. Таму некои се распослаа на работните маси на пратениците.
Фотографија: Saul Loeb/AFP/Getty Images
Надвор од контрола
Еден од натрапниците го „присвои“ и пултот за говор на претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси и со него се шеташе низ Капитол. Никој не го запре.
Фотографија: Win McNamee/Getty Images
Во засолниште
Пленарните сали беа евакуирани. Некои побараа засолниште во галеријата на Претставничкиот дом. Репортерите сведочеа дека биле поделени гас-маски, како заштита од солзавец.
Фотографија: Andrew Harnik/AP Photo/picture alliance
Солзавец врз Конгресот
На силите на безбедноста не им остана ништо друго освен да ја растурат разулавената толпа, употребувајќи солзавец.
Фотографија: Andrew Caballero-Reynolds/AFP/Getty Images
Засилувањето го оконча хаосот во Капитол
Полициските сили добија засилување, Националната гарда поита во помош, а градоначалничката на Вашингтон воведе полициски час до раните утрински часови. Така во Вашингтон ноќта полека се врати мирот.
Фотографија: Spencer Platt/Getty Images
12 фотографии1 | 12
Специјалната награда годинава отиде во рацете на украинските новинарки и новинари. Ним им е оддадено признание „за храброста, упорноста и посветеноста на вистинитото известување за време на безмилосната инвазија на нивната земја од страна на Владимир Путин и неговата пропагандна војна во Русија“.
Во категоријата фикција, писателот Џошуа Коен победи во конкуренција на Франциско Голдман („Момче мајмун“) и Гејл Џонс („Палмарес“). Неговото дело „Нетанјахус“ беше поофалено како убав, лингвистички умешен историски роман за односот меѓу Израелците и американските Евреи во Америка во 1960-тите.
Наградите годинава ќе им бидат врачени на победниците од страна 18-членото жири составено од издавачи, новинари и академици во универзитетска библиотека во Њујорк. За разлика од пандемиската 2021, годинава е планиран и традициионалниот ручек по врачувањето на наградите.