1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пустец: „Целиот отпад оди во селото и во езерото“

Петар Догов | Ефтерпи Музакити | Лорин Кадиу
15 октомври 2019

На Преспанското Езеро од албанска страна има дива депонија која се наоѓа на само еден километар од селото Пустец. Ѓубрето ја загадува почвата, а кога вее ветер, велат мештаните, тоа завршува во селото и во езерото.

Balkan Booster Projekt
Фотографија: DW

Во непосредна близина на прекрасното село Пустец, на албанската страна од Преспанското Езеро, има дива депонија. Mештаните велат дека отпадот порано се собирал и ситуацијата била подобра. 

Депонијата е на само километар од куќите во ПустецФотографија: DW

Лазјон Петри, локален консултант за животна средина, потенцира дека Албанија „официјално има Закон за интегрирано менаџирање со отпадот и целиот отпад од овој регион треба да биде собран во депонијата кај местото Малиќ. Зошто тоа не се случува и кој е виновникот за тоа, е големо прашање.“

Порано отпадот се собирал, а сега?Фотографија: DW

Според Петри, депонијата е проблем за туризмот, а, освен тоа, загадената почва влијае врз ланецот на исхрана и здравјето на луѓето.

Повеќе за ситуацијата со отпадот во и околу Пустец, во видеото:

#dw_BalkanBooster во Пустец: „Отпадот оди во селото и во езерото“

03:07

This browser does not support the video element.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми