1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Путин ги обвини САД

Херман Краузе27 ноември 2007

На неколку дена пред изборите во Русија претседателот Путин ги обвини САД поради недоаѓањето на посматрачи на ОБСЕ. Тој смета дека зад тоа стои намерата да се стави под знак прашалник легитимноста на изборите.

Russland Moskau Opposition Demonstration Putin Plakat
Искинат плакат на Путин по демонстрациите на опозицијата за време на викендотФотографија: AP

Гари Каспаров, шеф на опозиционото движење “Поинаква Русија“ е сеуште во затвор поради попречување на јавниот ред. Точното обвинение сеуште не е објавено. Каспаров е веројатно во познатиот московски затвор, Лефотрово. Независниот пратеник, Николај Рушков, се обиде да воспостави контакт со Каспаров, но без успех: “Според законот, секој пратеник во Думата има право да контролира како се третираат затворениците. Тоа значи е моја обврска. Не треба да барам дополнително ополномоштување за тоа. Се обратив до раководството во министерството за внатрешни работи, со молба да го посетам Каспаров. Ми беше речено дека е недела, и да дојдам утредента. “


И повторниот обид, на независниот пратеник, вчера заврши без успех. Не се нашол никој кој би се прогласил за надлежен. Сега Рушков има намера да се обрати до министерот за внатрешни работи, но веројатно и тоа нема да донесе којзнае колкав успех. И во Санкт Петерсбург се уапсени повеќе демонстранти: “Во Санкт Петерсбург ситуацијата е слична како онаа во Москва. Организаторите на маршот бараа определена локација, но тоа барање беше одбиено. Државата на граѓаните не им го дозволува она што го сакаат и на тој начин провоцира инциденти.“

Во која улога настапува Путин?

Во Санкт Петерсбург, во меѓувреме, се добива впечаток како ништо да не се случило. Гувернерот Матвијенко им приреди прием на Путин и млади носители на награди. Во моментов е тешко да се дефинира во каква функција настапува Путин - како претседател или како врвен кандидат на партијата “Единствена Русија“. Овојпат е на пат како учесник во изборната борба, но со оглед на тоа што се‘ е измешано, даде изјава во улога на престедател, околу недоаѓањето на посматрачи на ОБСЕ на изборите: “Знаеме дека откажувањето дојде на препорака на министерството за надворешни работи во САД. Тоа ќе ги оптовари нашите билатерални односи. Нивна цел е нашите избори да се прикажат како нелегитимни, но таа цел нема да ја постигнат.“


ОБСЕ соопшти дека нема да испраќа набљудувачи откако не беа навреме издадени визи за влез во Русија. Сепак, Парламентарниот совет на ОБСЕ ќе испрати набљудувачи, исто како и одделни земји, меѓу кои и САД.
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми