1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Путин зборува за „вистинска граѓанска војна“ во Украина

ЕМФ/афп/дв23 мај 2014

Рускиот претседател Путин смета дека Украина е во „вистинска граѓанска војна“ за која, како што вели, се соодговорни САД. Непосредно пред претседателските избори во Украина, сепаратистите ги мобилизираат сите сили.

Фотографија: Reuters/Alexei Nikolskyi/RIA Novosti

Кризата во Украина, според рускиот претседател Владимир Путин, настанала откако поранешшниот украински претседател Виктор Јанукович го одложил потпишувањето на Договорот за асоцијација со ЕУ. „Потоа следуваше пуч, поддржан од страна на нашите американски пријатели. Резултатот е хаос и вистинска граѓанска војна“, рече Путин денеска (23.05) на еден економски форум што се одржува во Санкт Петербург.

Три месеци по соборувањето од власт на прорускиот претседател Виктор Јанукович, во Украина в недела (25.05) ќе се одржат претседателски избори. Непосредно пред изборите, украинската армија на истокот на земјата претрпе најтешки загуби досега во борбите против милициите верни на Москва. Проруските сепаратисти ги мобилизираат сите свои сили. Според официјални наводи, во текот на вчерашниот ден (22.05), во два тешки напади, загинале најмалку 17 војници на украинската армија. Проруските сепаратисти бараат припојување на источните делови на Украина кон Руската Федерација, по примерот на Крим.

Украинската армија вчера (22.05.2014)претрпе тешки загубиФотографија: picture-alliance/dpa

Денис Пушили, еден од влијателните лидери на самопрогласените „народни републики“ во источна Украина, потврди дека неговите борци сметаат оти изборите в недела се „илегални“. Ниту еден од кандидатите на изборите за себе не може да тврди дека зборува во име на цела Украина, се вели на истокот на земјата. За преодната влада во Киев, пак, изборите се „решавачки“ за судбината на земјата. Киев сака на изборите да излезат што е можно повеќе избирачи, вклучително и во источните делови на Украина.

Проруските сепаратисти ги мобилизираат сите силиФотографија: abaca/picture alliance

Инаку, кандидат со најголеми изгледи за победа на претседателските избори е милијардерот Петро Порошенко. Тој, според последните анкети, во првиот круг избори најверојатно би освоил 44% од гласовите, но тоа не е доволно за да биде веднаш прогласен за победник. Се претпоставува дека најверојатно ќе има втор круг избори, кои би се одржале на 15 јуни.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми