1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Путин и Вучиќ ќе ги засилуваат енергетските и воените односи

БГ/ ДПА
4 декември 2019

Рускиот претседател Владимир Путин му беше домаќин на српскиот колега Александар Вучиќ во Сочи. Во фокусот беа економската и воената соработка.

Serbien Staatsbesuch Putin
Владимир Путин и Александар Вучиќ. (архивска фотографија)Фотографија: picture-alliance/TASS/M. Metzel

„Да беше Путин претседател во 1999 година, НАТО никогаш немаше да ја бомбардира Србија“, порача српскиот претседател Вучиќ по средбата со Путин. Двајцата претседатели разговарале за растечката економска соработка меѓу Србија и Русија. Путин потенцираше дека трговија во првите три квартали годинава се зголемила за 9 проценти. Вучиќ ги поздрави руските инвестиции во транспортот на природен гас и во развојот на железницата.
Путин рече дека е убеден оти Србија ќе биде поврзана со гасоводот „Турски тек“ во следните недели, иако притоа ја критикуваше Бугарија дека го кочи проектот на нејзина територија.
Србија минатиот месец потпиша договор за слободна трговија со Евроазиската економска унија предводена од Русија. Двајцата претседатели изградиле заеднички став и во однос на Косово, а тоа е почитување на Резолуцијата 1244 на ОН.

Вучиќ ја прифатил поканата на Путин да ја посети Москва на прославата на Денот на победата над фашизмот на 9 мај, а во неа на покана на рускиот претседател ќе учествуваат и српски војници.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми