Москва и Анкара одлучија да ја игнорираат војната во Сирија и да го продолжат заемното толерирање во конфликтот. Но затоа, соработката во економијата и енергијата треба да процвета.
Реклама
Најактуелниот горлив меѓународен проблем - Сирија - беше речиси заборавен во Истанбул. Големата тема беше енергијата. Реџеп Таип Ердоган го организираше 23. Светски енергетски конгрес, а најпроминентниот говорник се викаше Владимир Путин.
Рускиот и турскиот претседател го искористија Форумот за важни енергетско-политички изјави и визии за иднината. На маргините на состанокот, двајцата државници го испреговараа и договорија потпишувањето на обврзувачкиот документ за изградбата на гасоводот Турски тек.
На прв поглед делува како да се случило драматично приближување меѓу двајцата политичари, затоа што се среќаваат по трет пат во последните два месеца. Притоа, според сопственото признание, уште двапати разговарале и телефонски во меѓувреме. Се создава ли оска Москва-Анкара, која би била предизвик или дури и проблем за Западот? Тоа е прашањето кое ги загрижува политичарите и аналитичарите во ЕУ, но пред сѐ во НАТО. Одговорот е едно јасно „не“. Во конфликтот во Сирија двајцата политичари, кои во медиумите често се опишуваат како Царот и Султанот, де-факто се противници, а нивните спротивставени геополитички интереси директно се судираат на таа територија.
Взаемно толерирање во Сирија
Она што се случува во последните два месеца е обид на двајцата владетели, кои водат еден антизападен курс, да ги закопаат воените секири и да овозможат барем нормализирање на билатералните односи. Па така Путин во заедничкото соопштение со Ердоган најави прекин на забраната за увоз за турски земјоделски производи.
Што се однесува до Сирија, се чини дека двете страни се согласија за некој вид меѓусебно тивко толерирање: Анкара ја премолчува руската поддршка за режимот на Асад и растечкото руско воено присуство во Сирија, додека Москва не протестира против турскиот воен ангажман на северот на Сирија.
Ердоган најавува нова Турција
По три недели исполнети со секојдневни демонстрации за поддршка на Ердоган, во неделата се одржаа финални протести во осумдесет градови во Турција. Во меѓувреме, се уште трае чистката на ѓуленистите
Фотографија: DW/D. Cupolo
Повик да се излезе на улиците
Додека траеше обидот за пуч, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика поддржувачите да излезат на улиците и да ја спречат армијата во обидот да ја симне од власт владејачката АКП. Откако воениот удар заврши неуспешно, Ердоган се заблагодари на неговите поддржувачи и од тој ден, тој секоја вечер ги повикуваше граѓаните да излеуваат на демонстрации.
Фотографија: DW/D. Cupolo
Некогаш под репресија - сега моќни
Финалните собири беа одржани во недела. Во Истанбул се собраа два милиони граѓани, а во Анкара околу 10.000. Истовремено, речиси осумдесет градови низ целата земја одржаа демонстрации за поддршка на Ердоган. АКП е првата исламистичка партија во Турција која преживеала воен удар. Поддржувачите на Ердоган на тоа гледаат како на триумф над традицијата на воени удари во земјата и секуларниот устав.
Фотографија: DW/D. Cupolo
Оптимизам за нова Турција
Во својот говор во Истанбул, Ердоган вети дека „ќе ја изгради Туција од почеток“, а расположението помеѓу поддржувачите беше оптимистично. Лале Алики, агент за недвижности од Анкара кој беше присутен на сите демонстрации кои следеа по обидот за пуч изјави: „Кога чистката ќе заврши Турција ќе напредува, затоа што тие кои беа инфилтрирани во владата, повеќе нема да бидат товар за нашата држава“.
Фотографија: DW/D. Cupolo
Привремен социјализам
Хава Озкан ко-претседавач на курдската организација Тухад-Фед вели дека демонстрациите имале целосна поддршка од владата. За присутните на протестите била обезбедена храна и вода, а јавните претпријатија во Анкара и Истанбул нуделе бесплатен превоз за време на последните три викенди, со цел да се овозможи масовна мобилизација. „Ова што се случува во Турција е привремен социјализам“, вели Озкан.
Фотографија: DW/D. Cupolo
Подем на социјалните медиуми
Во кризни ситуации социјалните медиуми во Турција се забранети. Преку говорот на Ердоган кој се емитуваше преку FaceTime, се до снимките од насилство врз цивилите – социјалните медиуми се покажаа дека „работат“ во полза на владата. Критичарите сметаат дека владата намерно дозволила непрекинат пристап до социјалните медиуми затоа што се покажало дека е во корист на Ердоган.
Фотографија: DW/D. Cupolo
Ова е само тренинг
Некои сметаат дека демонстрациите се начин АКП да ја засили својата база на поддржувачи. Мухамед, бегалец од Сирија кој беше сведок на пучот во Египет, а сега живее во Турција, рече дека демонстрациите се „тренинг за поддржувачите на Ердоган“ и дека „наскоро тој може да ги организира против некое друго движење кое не му се допаѓа“.
Фотографија: DW/D. Cupolo
Преименување на јавните простори
Од плоштадот Кизилеј во Анкара до мостот Босфор во Истанбул, познати јавни места низ цела Турција беа преименувани во чест на оние кои ги загубија своите животи за време на обидот за пуч. Граѓаните сега патуваат од европската кон азиската страна на Истанбул преку мостот „Мачениците од 15 јули“.
Фотографија: DW/D. Cupolo
7 фотографии1 | 7
Далеку попродуктивна за двајцата претседатели беше темата енергија. На тоа поле беа видливи чекори напред. По двегодишно одложување конечно беше потпишан договор за изградба на гасоводот Турски тек кој ќе минува под Црното Море. Се говори за две нишки: едната за снабдување на европскиот дел на Турција, а другата за пренос кон Грција и веројатно натаму кон Италија. Тоа е добра вест рускиот енергетски концерн Газпром која му ги зголемува шансите за рентабилност. Притоа концернот ќе мора да проголта една кнедла: Путин ѝ вети на Турција попуст на цената на рускиот гас.
Склучувањето на договорот е добра вест и за Грците кои можат да профитираат од гасоводот, но не и за Украинците кои ќе бидат заобиколени. Ни Бугарите не се воодушевени, затоа што и тие се надеваа дека ќе ја претворат земјата во гасен и енергетски центар во регионот.