1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Путин најавува реакција на проширувањето на НАТО

ЕМФ | дпа
30 јуни 2022

Русија не се чувствува загрозена од приклучувањето на Финска и Шведска во НАТО, но ќе преземе воени контрамерки, вели рускиот претседател Владимир Путин.

Turkmenistan | Wladimir Putin
Фотографија: Grigory Sysoyev/Tass/dpa/picture alliance

Москва не е загрижена поради членството на Шведска и Финска воНАТО, но најавува воени контрамерки.

„Нема ништо што би ни предизвикувало грижи во поглед на членството на Финска и Шведска во НАТО. Ако сакате - повелете“, изјави рускиот претседател Владимир Путин пред новинарите во туркменистанскиот главен град Ашгабат. Путин сепак додава дека ќе следува руска реакција: „Мора да им биде јасно дека за нив порано не постоеја закани, но доколку сега таму се стационираат трупи и се создава инфраструктура, ние ќе мора да одговориме соодветно и да создадеме исти закани за територијата од каде добиваме закани“, ги цитира зборовите на Путин агенцијата ТАСС.

„Меѓу нас сѐ беше добро, но сега ќе има некакви тензии, тоа е очигледно, без сомневање, без тоа не оди“, додаде рускиот претседател.

Инаку, Русија се закани со последици уште кога беа објавени првичните планови за зачленување во НАТО на двете земји. Финскаи Шведска поради рускиот напад врз Украина се одлучија да се откажат од децениската неутралности да се приклучат кон НАТО. На самитот на алијансата во Мадрид почна постапката за прием на двете држави.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми