1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Путин сака „непријателските земји“ да плаќаат рубљи за гас

агенции
23 март 2022

Путин на состанокот со владини претставници изјави дека „повеќе западни земји донесоа нелегитимни одлуки за т.н замрзнување на руските средства, поткопувајќи ја довербата за тие валути“.

Symbolbild Russland Wirtschaft Rezession Rubel Sanktionen
Фотографија: Alexander Nenenov/AFP/Getty Images

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека Русија ќе бара „непријателските“ земји отсега да платат само во рубљи за извозот на руски природен гас. Путин на состанокот со владини претставници изјави дека „повеќе западни земји донесоа нелегитимни одлуки за т.н
замрзнување на руските средства, поткопувајќи ја довербата за тие валути“.

„Нема никаква смисла“, додаде Путин, „со нашите стоки да ги снабдуваме Европската Унија, САД и да ни биде плаќано во долари, евра и низа други валути. Како резултат на тоа, тој најави рече тој мерки со кои за рускиот природен гас таканаречените непријателски земји ќе треба да платат во рубљи. 

Процедура за купувачите 

Рускиот претседател не кажа кога точно новата политика ќе стапи на сила. Тој и наложи на централната банка на земјата да подготви процедура за купувачите на природен гас да се стекнат со рубљи во Русија. 

Германија веќе го отфрли барањето на Путин и го оцени како „прекршување на договор“. 
„Најавата за плаќање во рубљи е прекршување на договор и ќе дискутираме со нашите европски партнери како да реагираме“, изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек.  

Економистите велат дека овој потег е со цел да се поддржи рубљата, која падна во однос на другите валути откако Путин ја нападна Украина на 24 февруари и западните земји одговорија со далекосежни санкции против Москва. Но, некои аналитичари изразија сомнеж дека ќе функционира. 

„Барањето да се плаќа во рубљи најверојатно на крајот ќе биде неефективен обид да се заобиколат западните финасиски санкции“, вели Есвар Прасад, професор по трговска политика на Универзитетот Корнел.
„До рубљите секако полесно до сега дека валутата пропаѓа. Но, размена на други валути за рубљи ќе биде доста тешко со оглед на широко распространетите финансиски санкции наметнати на Русија.

„Надежта дека барањето за плаќање во рубљи ќе ја зголеми побарувачката за валутата и со тоа ќе ја поткрепи нејзината вредност“, додаде Прасад, „е исто така лажна надеж со оглед на сите пропратни притисоци врз валутата“. 

Нил Ширинг, главен економист на групата во Капитал економикс, вели: „Тоа не е очигледен потег за мене, бидејќи на (руската) економија и треба снабдување со девизи со цел плаќање на увозот, а енергијата е еден од ретките преостанати извори“.
 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми