1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пуфките на Борис Џонсон

ФАЦ
21 август 2019

Само неколку недели откако ја презема премиерската функција, се чини, исчезна одлучноста на Борис Џонсон да ја изнесе неговата земја од ЕУ, по секоја цена. Сега бара алтернативи. А алтернативи, нема! Коментар во ФАЦ

Großbritannien London | Neuer Premierminister Boris Johnson spricht im britischen Unterhaus
Фотографија: Reuters TV

Одеднаш сведочиме на еден поинаков јазик: По изборот за партиски шеф на Конзервативците и именувањето за премиер, Борис Џонсон не можеше да престане да повторува, колку е одлучен, да го изнесе Обединетото Кралство од ЕУ до 31 октомври- без задршка и дилема, нека чини колку треба. Сега, откако минаа неколку недели во кои беа објавени поразувачки прогнози за последиците од заминувањето, како да ја снема одлучноста на владата на Џонсон, па се бара договор со ЕУ. Се чини дека цврстиот став омекна. Но, тестот останува ирската граница. Договорот за неа кој го постигна претходничката Тереза Меј, Џонсон го нарекува недемократски; тоа е глупост. Тој добро знае дека 27-те членки на ЕУ нема да ја остават Ирска сама, ниту ќе дозволат нарушување на интегритетот на заедничкиот пазар. А она што го предлага како алтернатива е пуфка. Во изминативе години алтернативи бараше и владата на Меј. Залудно. Тие не постојат.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми