1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Пушењето те убива и тебе и планетата

Ирене Банос Руиз
26 февруари 2019

Здравствените предупредувања за штетноста од пушењето никогаш не биле појасни. Но што е со здравјето на планетата? Отпушоците од цигари се најчест пример на отпад со којшто се загадува планетата .

Vietnam | Ein Mann raucht eine Zigarette in Hanoi
Фотографија: B. Figueroa

Сите знаеме дека пушењето е штетно за нас. Но, колкумина од нас знаат колку е тоа штетно за планетата?

Од моментот кога се сади семето до моментот кога листовите се сушат, ситнат и се испушени од милијарди пушачи, тутунот остава траги на невидена деструкција. Истражувачите од Империјал колеџ од Лондон открија дека годишниот јагледорен отисок на индустријата е речиси двапати поголем од оној на Велс.

„Ако продолжиме да одгледуваме тутунски насади за да ги задоволиме барањата на пазарот, ќе имаме огромни еколошки последици“, вели за ДВ, Винајак Прасад, први човек на Програмата за контрола на тутун при Светската здравствена организација.

Одгледувањето тутун и сушењето на листовите, чини повеќе од 75% од јаглеродниот отисок. Потребно е многу земја, вода и енергија, како и пестициди и ѓубрива, кои ги загадуваат околните реки и подземни води, а ја разградуваат и почвата. Иако е ова мал удел во споредба со „големите соголувачи на шумите“, како дрвјата за палмино масло или соја семиња, тутунот „има големо влијание на локално ниво, на пример во Танзанија", вели за ДВ Соња фон Ајхборн, директор на антитутунската невладина организација „Unfairtobacco".

Таа додава дека тутунот е одговорен за околу 6% од годишното уништување на шумите, и дека тоа во иднина ќе се зголеми. Во Пакистан пак, СЗО вели дека тутунските насади се веќе 27% одговорни за соголувањето на шумите. Транспортот и преработката на цигари е само дополнителен фактор за токсичната равенка. Според „Unfairtobacco", индустријата годишно користи 2,4 милиони метрички тони хартија за цигари и картонски пакувања.

Циклусот на тутунот

Мало ама смртносно

Тука се и отпушоците. Од речиси 6 трилиони цигари кои се пушат годишно - 4,5 трилиони се фрлаат на отворено. Програмата за животна средина на ОН (УНЕП) вели дека во основа тие се најчест пример на отпад кој може да се најде во природата.

Изработен од неразградлив тип на пластика, на отпушокот му е потребно и до една декада за да се разгради, а за тоа време ветрот или дождот може да го пренесат во реките и океаните каде испушта токсични киселини и арсен.

Европскиот парламент вели дека еден отпушок може да загади до 1000 литри вода со токсични материи, кои потоа може да си го најдат патот назад во синџирот на исхрана. Отпушоците се и најчестите извадени отпадоци при чистење на крајбрежјата, односно претставуваат 30 до 40 проценти од целото ѓубриво што се собира цела година.

Чадот од цигарата содржи многу хемикалии

Повик за одговорност

Во некои градови во светот фрлањето отпушоци се санкционира - во Париз на пример со казна од 68 евра, во Лондон околу 172 евра. Сепак,  Фон Ајхборн смета дека тутунската имдустрија треба да презема поголема одговорност за отпадот. „Владите мора да се осигураат дека тутунските компании ќе преземат целосна одговорност за влијанието врз средината”, вели таа.

#DE_facto: Дискриминација на пушачите во Германија?

02:40

This browser does not support the video element.

ЕУ се обидува да издејствува нешто во таа насока. Кога ќе биде одобрена новата директива за пластика за еднократна употреба, производителите на цигари ќе бидат одговорни за трошоците поврзани со собирање отпушоци и поставување пепелници.

Повеќе: Законски измени ги скараа пушачите и непушачите

Алисдар Греј, директор на конфедерацијата на производителите на цигари во Европа, за ДВ вели дека „го следат” развојот и дека и натаму остануваат „посветени на целта значително да се намали отпадот во околината”. Тој се воздржува од дополнителен коментар пред официјалното одобрување на директивата и од одговор на прашањето како точно индустријата планира да го намали отпадот.

Прасад вели дека ЕУ наскоро ќе бара индустријата да ги замени синтетичките филтри со биолошки разградливи. „Алтернативи за пластични филтри се веќе достапни”, вели Прасад. Компанијата Гринбатс од САД на пример создаде филтер од природни суровини како памук и индустриски канабис, кои брзо се разградуваат.

Сепак, Фон Ајхборн бара производителите да се држат под контрола. „Тутунската индустрија е позната по својата тактика да се минираат јавните здравствени политики” и истото ќе го сторат и со екологијата, уверена е таа.

Дали наскоро отпушоците од старомодните и електронските цигари ќе се најдат едно до друго по плажите ширум светот?Фотографија: Reuters/M.Blinch

Електронските цигари (не)се решение

За некои најлесниот начин да се избегне штетната природа на цигарите е да се посегне по електронската алтернатива. Но, иако таа содржи помалку канцерогени субстанци отколку традиционалните цигари, долгорочните влијанија од употребата на електронски цигари не се познати. Не е познато ни влијанието од нивниот отпад врз животната средина.

Повеќе: Наргилето поопасно од цигарите

Законодавците од ЕУ велат дека не можеле да го регулираат отпадот заради недостиг на податоци, но многуте материјали, вклучително и пластика и стакло и отровните супстанции како никотинот, нема да го олеснат рециклирањето. „Најкритично е да се создаде механизам за да се види како се отстранува отпадот од е-цигари”, вели Прасад. „Треба сега да решиме како да го третираме отпадот”.

Активисти за заштита на животна средина стравуваат дека ако не се преземе нешто навреме, наскоро отпушоците од старомодните и електронските цигари ќе се најдат едно до друго по плажите ширум светот.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми