1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пуџдемон во бегство - неславен потег на самонаречениот херој

Барбара Везел
3 ноември 2017

Бегањето никогаш не изгледа добро, посебно ако човек сака да биде херој и следи крупни цели. Карлес Пуџдемон во Брисел, во улога на бегалец од шпанското судство, претставува бедна слика, смета Барбара Везел.

Spanien Staatsanwaltschaft erhebt Anklage gegen Puigdemont
Фотографија: Getty Images/D. Ramos

Кој е автор на шеговитата фото-монтажа на која  Карлес Пуџдемон  е претставен како продавач на пржени компирчиња во еден од омилените бриселски киосци, не е познато. Но, фотографијата е полн погодок. Од позицијата на величина, до смешност, познато е, често дели само еден чекор. До вчера ги вееше знамињата на барикадите во Барселона, а денес е во главниот град на Белгија и на ЕУ, со чинија компирчиња в раце.

На цврсти убедувања одговараат крупни гестови

Други подбивачи го претставуваат Пуџдемон во улога на вечниот бегалец- херој од цртаната серија „Тим и Струпи“. Белгискиот европолитичар Ги Ферховстад меѓутоа иронично забележа: „Додека Тинтин (како што се вика насловната фигура во белгиското оригинално издание на цртаната серија) во своите авантури секогаш наоѓа некое решение, Пуџдемон во Каталонија остава хаос и деструкција.“

Во Каталонија, навистина, остануваат фрустрираните следбеници на Пуџдемон, неговите гневни сопартијци и расколебаната економија во регион кој привремено е под управа од Мадрид, но кој прагматично се препушта на „туѓата власт“. Пуџдемон веројатно го прецени револуционерниот потенцијал на своите лесно запалливи сограѓани. Забавно е да се оди на демонстрации на убаво време, но да се жртвуваат стандардот и работното место за еден националистички сон, кога веќе човек може да живее удобно и прилично автономно во Шпанија, сепак е детински.

Но, првиот Каталонец во секој случај требаше да знае дека големите идеали од лидерите изискуваат и големи гестови. Во тоа спаѓа и застанување со дигната глава пред судот во Мадрид во одбрана на својата кауза.  Наместо тоа, Пуџдемон ги остави своите министри да ја сносат одговорноста, а тој самиот „фати магла“.  За во Брисел да јаде пржени компирчиња и чоколадни бомбони. 

Политички театар

И без тоа, целиот театар околу каталонската независност, со Карлес Пуџдемон во главната улога, имаше во себе елементи од евтина комедија. Неговите споредби на шпанската влада со диктатурата на Франко, во зависност од вкусот, можат да се оценат за чисто смешни или безобразни. Постојаното повикување на демократијата делува празно, кога самиот лидер не се придржува на нејзините правила и ги прекршува. Екс-претседателот и неговата свита се валкаат во самоинсценираната улога на жртви, притоа постојано вперувајќи го едното око во публиката, проверувајќи во колкава мера е таа импресионирана.

Во Русија, во Турција и на други места, луѓе лежат во затвор поради своите убедувања, својата политика или својата професија. Во споредба со нивните судбини, политичката детска градинка од Каталонија е едноставно срамотна. Каталонските херојски борци за независност се чини постојано извикуваат: „Радо сакаме да бидеме угнетувани!“. Сѐ во намера да ги оправдаат своите цели и своите бенефиции, да ги обезбедат лостовите на регионалната власт и да си осигураат место во новинските извештаи.

Барбара ВезелФотографија: DW/G. Matthes

Без поддршка од Европа

Срамотно е исто така што еден од приврзениците на Пуџдемон постојано раскажува бајки за европска помош, а од тоа во практика нема ни трага. Зашто, ниту ЕУ, ни Белгија, земјата која против своја волја му е домаќин на Пуџдемон, не сакаат да му пружат рака на сецесионистичкиот лидер. Неговото присуство го примија исто толку радо како и епидемија од колера или чума. Ако Белгијците имаат среќа, ќе можат да реагираат на меѓународна потерница и брзо ќе го израчат Пуџдемон на Шпанија. На таков начин Белгија можеби истовремено ќе ги скроти и сеператистичките стремежи кај своите Фламанци.

А екс-претседателот во егзил, како што самиот сега фалбаџиски се нарекува, во меѓувреме ќе се најде повторно во интернационалата на десно-радикалните националисти во Европа, поддржуван со аплауз и од крајното левичарско крило. Како гласеше поговорката? Со кого си, таков си.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми