1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пуџдемон најави мирен отпор на Каталонците

ЕМФ /агенции
28 октомври 2017

Разрешениот каталонски премиер Карлес Пуџдемон и натаму не се предава. Тој најави мирен отпор на Каталонците.

Spanien Katalonien Carles Puigdemont
Фотографија: picture-alliance/Zumapress/R. Costa

Од страна на шпанската централна влада разрешениот премиер на Каталонија, Карлес Пуџдемон, го повика населението во регионот на мирен отпор против Мадрид. „Наша волја е да работиме и натаму, и покрај актуелните тешкотии“, изјави тој денеска во својот прв говор по симнувањето од власт.

Говорот на Пуџдемон во шпанските медиуми се интерпретира како тој да нема намера да си замине. Пуџдемон најави продолжение на стремежите за независност и повика на „основање слободна земја“.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој изутринава официјално му ги одзеде овластувањата на Пуџдемон. Разрешени беа и останатите членови на регионалната влада. Шпанскиот сенат со активирање на членот 155 вчера го отвори патот за разрешување на каталонската влада и за одржување нови избори во регионот на 21 декември.

Од функцијата се сменети и двајцата шефови на каталонската полиција, Пере Солер и Жозеп Луис Траперо. Агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на интерен полициски документ, јави дека каталонската полиција ги повикала своите вработени да се однесуваат неутрално во судирот со Шпанија околу независноста. „Наша одговорност е да се грижиме за безбедноста на сите“, се вели во документот.

Фотографија: Reuters/J. Medina

Инаку,  во главниот град на Каталонија состојбата досега е мирна. Со оглед на емоционално тензичната состојба владее несигурност околу тоа како ќе се однесуваат приврзаниците и противниците на независноста во редовите на регионалната полиција доколку Пуџдемон и неговата влада мора да бидат истерани од владините објекти. Најголемата сепаратистичка група во Каталонија - АНЦ, ги повика вработените во управата да не ги слушаат наредбите од Мадрид. Службениците, според АНЦ, треба да реагираат со „мирен отпор“.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми