Зимските олимписки игри во Пјонгчанг треба да ги намалат тензиите меѓу Северна и Јужна Кореја. Спортот е повторно преоптоварен, пишува Штефан Нестлер, и предупредува да не се очекува премногу.
Реклама
„О спорту, ти си мир!“. Така започнува деветтата строфа од Одата на спортот на Пјер де Кубертен. „Ти создаваш среќни врски меѓу луѓето поврзувајќи ги во почит кон силата која е контролирана, организирана и самодисциплинирана“.
Користејќи псевдоним, Де Кубертен, основачот на модерниот олимпизам, ја пријави својата поема на натпреварот на Летните олимписки игри во Стокхолм во 1912 година, освојувајќи злато во категоријата литература.
Идејата на Кубертен за приближување на луѓето преку спортот е копирана во Олимписката повелба, која наведува дека Меѓународниот олимписки комитет е обврзан да „го стави спортот на услуга на хармоничниот развој на човештвото, со цел промоција на мирно општество“.
Тоа се големи очекувања од спортот. Всушност, преголеми.
Мали чекори
„Се надеваме дека зимската Олимпијада ќе ја отвори вратата за подобра иднина на корејскиот полуостров“, рече претседателот на МОК, Томас Бах пред отворањето на Игрите. „Олимпијадата овозможи нов почеток“.
Освојувачот на златниот медал во мечување на Олимпијадата во 1976 година алудираше на присуството на 22 спортисти од Северна Кореја на Игрите, заедничкиот влез на корејскиот тим на отворањето и заедничкиот корејски женски тим во хокеј. Во овие случаи, спортот помогна да се изградат мали мостови- но ништо повеќе. Корејскиот конфликт останува буре барут. Било каква провокација од Пјонгјанг, или непромислен твит на претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе ја уништи надежта.
Спортот не (секогаш) е гарант за мир
Спортот е универзален јазик кој се зборува и е разбран преку националните и културните граници, и оттука има потенцијал да посредува. Но исто така има и ограничувања како модел за мир и, всушност, честопати се користи како платформа за национализам. Некои нации, како Русија со нејзиниот допинг систем (но не и единствен) прават се за да постигнат успех со кој може да се гордее нацијата.
Спортот предизвикувал и воени конфликти како што е „фудбалската војна“ од 1969 година меѓу Хондурас и Ел Салвадор. На квалификацискиот меч за пласман на Светското првенство му претходеа немири во кои гинеа луѓе, што пак доведе до воен судир кој траеше 100 часови и ги однесе животите на повеќе од 2.000 луѓе.
Не смееме да го оптоваруваме спортот со лажна надеж. Зимските игри во Пјонгчанг нема да го спасат светот, но може да се надеваме дека ќе ни понудат возбудлив, фер натпревар, повеќе емоционални моменти и можеби- кус период на мир. Тоа само по себе ќе биде значаен успех.
Запознајте ги дисциплините на Зимските олимписки игри
На 23-те Зимски олимписки игри спортистите ќе се натпреваруваат во 15 дисциплини на 102 настани. Учествуваат 2.952 спортисти од 92 земји, а ќе дебитираат Еквадор, Еритреја, Косово, Малезија, Нигерија и Сингапур.
Пет дисциплини во кои темпото е во преден план - спуст, супер велеслалом, слалом и велеслалом, како и алпска комбинација, која се состои од слалом и спуст.
Фотографија: Reuters
Скијање слободен стил
Млад, свеж и спектакуларен спорт - скијањето во слободен стил на писта со возвиенија или на скокалница го има уште од 1992 година, но во Сочи првпат ќе има две нови дисциплини во овој спорт: халфпајп-натпреварите за жени и мажи, како и слоуп-стил.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Сноуборд
Сноубордот е олимписки спорт од 1998 година, но сега првпат ќе бидат доделни златни медали во дури 10 дисциплини. Покрај велесалаломот, халфпајп и сноубордкрос, сега ќе има и слалом во кој растојанието меѓу знаменцата ќе биде пократко, а тука е и слоуп-стилот - минување на патека со препреки полно со акробации.
Фотографија: Getty Images
Биатлон
Комбинацијата на скијачко трчање и стрелање е најпопуларен зимски спорт во Германија. На десет натпревари во женска и машка конкуренција ќе се настапува индивидуално или во тим. Новина, притоа, е мешаната штафета. Германските биатлонци редовно бележат успеси на Олимпијадите.
Фотографија: Robert Michael/AFP/Getty Images
Скијачко трчање
Класика на програмата на зимските олимписки игри се 12-те натпревари во класичното скијачко трчање и во слободен стил (скејтинг). Кога на целта одлучувачки се сантиметри, понекогаш е забавно (фото). Германските атлети досега имаат освоени четири златни, десет сребрени и четири бронзени медали.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Скијачки скокови
Истрел за старт, залет и летање - учесниците на ЗОИ ќе скокаат од нормална скокалница (98 метри) и од голема скокалница (125 метри). Во Пјонгчанг по вторпат се натпреваруваат жени. Во „кралската дисциплина“ на нордиското скијање - нордиската комбинација, се комбинираат скијачки скокови и трчање.
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Karmann
Боб
Бобот е олимписки спорт од 1924 година и Германците тука освојуваат многу медали. Има две дисциплини - двосед и четворосед. Жените се натпреваруваат во возење боб од пред 12 години.
Фотографија: Leon Neal/AFP/Getty Images
Санкање
По замрзнати канали се спуштаат и санкачите - сами или по двајца лежат на санките на грб. Во Сочи првпат ќе има тимска штафета. Притоа еден по друг поединечно ќе се спуштаат еден маж и една жена, а по нив ќе се спушти и санка двосед. Кога едниот ќе стигне на целта дава сигнал да почне да се спушта вториот член на тимот.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Скелетон
За скелетон е потребна голема храброст, зашто натпреварувачите лежат на стомак на санките и низ каналите се спуштаат со главата напред. Санката наликува на скелет, па оттука и името - скелетон. По пауза од 20 години скелетонот од 2002 година е повторно олимписка дисциплина.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Карлинг
Кај карлингот, слично како во бочањето, камената кугла треба да се намести што е можно поблиску до или во центарот на еден круг. Во Сочи во карлинг ќе се натпреварува само машки тим, жените не успеаја да се квалифицираат.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Уметничко лизгање
Во уметничкото лизгање се комбинираат определени елементи, пируети и скокови. Покрај натпреварите во машка и женска конкуренција поединечно и во парови, во Пјонгчанг по вторпат ќе има и екипно натпреварување.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Брзо лизгање
Брзото лизгање е дел од Олимпијадите уште од почетокот, од 1924 година. Спортистите се натпреавруваат на шест различни дистанци меѓу 500 и 10.000 метри. Има и екипно натпреварување. Најуспешна германска спортистка во оваа дисциплина е Клаудија Пехштајн, која има освоени 5 златни, 2 сребрени и 2 бронзени медали.
Фотографија: picture alliance/AP Photo
Брзо лизгање на кратки патеки
Брзото лизгање на кратки патеки се разликува од класичното брзо лизгање по должината на патеката. Таа изнесува само 11 наместо 400 метри. Во брзото лизгање на кратки патеки има штафета и натпревари во поединечна конкуренција.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Хокеј на мраз
Хокеј на мраз е дел од ЗОИ уште од почетокот и тука доминираат руските и северноамериканските тимови. Од игрите во Нагано, во 1998 година, во хокеј на мраз се натпреваруваат и женските екипи. Германките важат за аутсајдери.