Пјонгјанг: „Атомска војна може да избувне секој момент“
СН/ агенции
17 октомври 2017
Северна Кореја предупреди дека ситуацијата на Корејскиот полуостров достигнала точка од која нема враќање и оти нуклеарна војна би можела да избувне во секој момент.
Реклама
Заменик-амбасадорот на Северна Кореја во ОН, Ким Ин Рјонг (насловна фотографија) синоќа порача дека неговата земја никогаш нема да се врати на преговарачка маса за нејзината нуклеарна програма доколку САД ја задржат „непријателската политика“.
Северна Кореја повторно го привлекува вниманието на светската јавност. Тестирањето на интерконтиненталните ракети наидува на остри критики. Земјата има една од најголемите армии во светот. Но, продолжува да се вооружува
Фотографија: Reuters/KCNA
Меѓу најбројните армии во светот
Севернокорејската армија има 700 илјади војници и околу 4,5 милиони резервисти. Речиси секој петти жител на земјата е во војска. Сите мажи во комунистичкиот режим мораат да учествуваат во воената обука. Поради тоа, Северна Кореја има двојно повеќе војници од соседната Јужна Кореја.
Фотографија: Getty Images/AFP/E. Jones
Различни воени орудија
Според податоците наведени во Глобалниот индекс за вооружување, Северна Кореја во 2017 година располага со 76 подморници, 5.025 тенкови и 458 борбени авиони. На оваа фотографија од 2013 година, лидерот Ким Јонг Ун е сликан во командната централа на армијата.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Воена парада
Севернокорејскиот режим секоја година ја демонстрира својата сила на воена парада во главниот град Пјонгјанг. Парадите воглавно се одржуваат за време на некој важен јубилеј на комунистичката земја или семејството Ким.
Фотографија: picture-alliance/dpa/KCNA
Интерконтинентални ракети
САД во четвртокот потврдија дека Северна Кореја успешно тестирала балистичка интерконтинентална ракета. Ракетата од типот „Хвасонг- 14“ е во состојба да ја погоди секоја цел во светот, јави државната новинска агенција КЦНА.
Фотографија: Getty Images/AFP/KCNA
Атомските проби продолжуваат
И покрај острите санкции, Северна Кореја продолжува со својата атомска програма. Само во 2016 година беа извршени пет нуклеарни проби. Јужнокорејскиот министер за одбрана Хан Мин Ко смета дека соседот наскоро ќе го изврши и шестиот тест.
Фотографија: picture-alliance/dpa/KCNA
Закана за светскиот мир
Кина и Русија се единствените земји кои се водат како сојузници на Северна Кореја. Режимот за главен непријател ја смета „империјалистичката сила САД“. Меѓу непријателите уште спаѓаат и Јужна Кореја и Јапонија.
Фотографија: Reuters/K. Hong-Ji
Крај на трпението?
По тестирањето на интерконтиненталните ракети на американското трпение му дојде крајот. Претседателот на САД, Доналд Трамп сака да најде решение со своите сојузници од Г20. Кина и Русија, во секој случај, сакаат да спречат американски напади врз воени цели во Северна Кореја.
Фотографија: picture-alliance/Zumapress/M. Brown
7 фотографии1 | 7
„Сѐ додека САД водат непријателска политика и не биде отстранета во целост нуклеарната закана, без разлика на условите, нема да се вратиме на преговарачка маса за нашата нуклеарна програма и балистичките ракети“, рече Рјонг. Тој истакна дека Северна Кореја е единствената земја во светот која од 70-те години на минатиот век е цел на толку екстремни и директни атомски закани од САД и истакна дека неговата земја има право да поседува нуклеарно оружје за самоодбрана.
Рјон притоа укажа на големите воени вежби кои САД и Јужна Кореја ги изведуваат секоја година и во кои се користат „нуклеарни потенцијали“ и истакна дека уште поопасен е, како што го нарече, американскиот план за изведување тајни операции за соборување на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун.
Потпретседателот на парламентот на Северна Кореја Ан Дон Кјун претходно изјави оти Северна Кореја нема да преговара за својот нуклеарен арсенал додека САД продолжат со „закани и непријателска политика“.
Тензиите меѓу САД и Северна Кореја се зголемија по низата нуклеарни проби на Пјонгјанг и дополнителните санкции на ОН кои се воведени на иницијатива на Вашингтон.