Пјонгјанг и Сеул потпишаа договор за денуклеаризација
СН/ агенции
19 септември 2018
На самитот во севернокорејскиот главен град Пјонгјанг, лидерите на Јужна и на Северна Кореја постигнаа дипломатски успех. Дали договореното ќе биде спроведено, допрва ќе се покаже.
Реклама
На самитот во Пјонгјанг, претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае Ин, и владетелот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, се согласија да го ослободат Корејскиот Полуостров од нуклеарното оружје. Ова го изјави Ким по потпишувањето на заедничкиот договор. Мун пак истакна дека Корејски Полуостров без нуклеарно оружје не е премногу далечна иднина.
Мун додаде дека Северна Кореја се согласила да го уништи својата најголема нуклеарна постројка Јонгбјон, и тоа под меѓународен надзор. Покрај тоа, на надворешните нуклеарни инспектори треба да им биде дозволено да влезат во земјата. Меѓутоа, предуслов е САД, за возврат, исто така, да бидат подготвени на отстапки.
Комплексот Јонгбјон вклучува нуклеарен реактор и постројка за преработка, која може да производе плутониум, кој може да се користи за атомско оружје, како и постројка за збогатување ураниум, кој исто така може да се користи за нуклеарно оружје.
Како конкретна мерка, Мун најави дека Северна Кореја планира да го демонтира полигонот за тестирање на проектили во Сохае на западниот брег и тамошната лансирна рампа под надзор на меѓународните инспектори. Американските експерти во јули објавија дека Северна Кореја веќе почнала да ги демонтира важните делови од спорната ракетна постројка. Сепак, не е јасно кога и како точно треба да продолжи демонтажата на нуклеарните и ракетните постројки што Ким очекува за возврат од САД. Ким не кажа ништо за демонтирањето на постоечкиот нуклеарен и ракетен арсенал на Северна Кореја. Ова е важен услов кој го поставуваат САД.
Севернокорејскиот лидер најави дека сака да го посети главниот град на Јужна Кореја, Сеул „во блиска иднина". Тоа би била прва посета на Сеул од страна на севернокорејски владетел од поделбата на Корејскиот полуостров. Двете држави, исто така, сакаат заеднички да аплицираат за домаќини на Олимписките игри во 2032 година.
За што е способна севернокорејската армија?
Северна Кореја повторно го привлекува вниманието на светската јавност. Тестирањето на интерконтиненталните ракети наидува на остри критики. Земјата има една од најголемите армии во светот. Но, продолжува да се вооружува
Фотографија: Reuters/KCNA
Меѓу најбројните армии во светот
Севернокорејската армија има 700 илјади војници и околу 4,5 милиони резервисти. Речиси секој петти жител на земјата е во војска. Сите мажи во комунистичкиот режим мораат да учествуваат во воената обука. Поради тоа, Северна Кореја има двојно повеќе војници од соседната Јужна Кореја.
Фотографија: Getty Images/AFP/E. Jones
Различни воени орудија
Според податоците наведени во Глобалниот индекс за вооружување, Северна Кореја во 2017 година располага со 76 подморници, 5.025 тенкови и 458 борбени авиони. На оваа фотографија од 2013 година, лидерот Ким Јонг Ун е сликан во командната централа на армијата.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Воена парада
Севернокорејскиот режим секоја година ја демонстрира својата сила на воена парада во главниот град Пјонгјанг. Парадите воглавно се одржуваат за време на некој важен јубилеј на комунистичката земја или семејството Ким.
Фотографија: picture-alliance/dpa/KCNA
Интерконтинентални ракети
САД во четвртокот потврдија дека Северна Кореја успешно тестирала балистичка интерконтинентална ракета. Ракетата од типот „Хвасонг- 14“ е во состојба да ја погоди секоја цел во светот, јави државната новинска агенција КЦНА.
Фотографија: Getty Images/AFP/KCNA
Атомските проби продолжуваат
И покрај острите санкции, Северна Кореја продолжува со својата атомска програма. Само во 2016 година беа извршени пет нуклеарни проби. Јужнокорејскиот министер за одбрана Хан Мин Ко смета дека соседот наскоро ќе го изврши и шестиот тест.
Фотографија: picture-alliance/dpa/KCNA
Закана за светскиот мир
Кина и Русија се единствените земји кои се водат како сојузници на Северна Кореја. Режимот за главен непријател ја смета „империјалистичката сила САД“. Меѓу непријателите уште спаѓаат и Јужна Кореја и Јапонија.
Фотографија: Reuters/K. Hong-Ji
Крај на трпението?
По тестирањето на интерконтиненталните ракети на американското трпение му дојде крајот. Претседателот на САД, Доналд Трамп сака да најде решение со своите сојузници од Г20. Кина и Русија, во секој случај, сакаат да спречат американски напади врз воени цели во Северна Кореја.