1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Радев „распали“ по Петков и Пендаровски

БГ
1 февруари 2022

Бугарскиот претседател Румен Радев ги критикуваше премиерот Кирил Петков и неговиот македонски колега Стево Пендаровски. Причина, посетата на Скопје и средбата на Пендаровски со бугарските Македонци.

Bulgarien  Kiril Petkov und Rumen Radev
Кирил Петков и Румен РадевФотографија: Valentina Petrova/AP/picture alliance

Бугарскиот претседател Румен Радев смета дека посетата на новиот премиер Кирил Петков на Скопје била „избрзана“. Во првите остри критики на сметка на премиерот и владата, Радев оценува дека Петков премногу се потпирал на „надворешна експертиза“ кога станува збор за посетата на Северна Македонија. 

„Мислам дека посетата на премиерот беше избрзана. Важно е бугарската дипломатија целосно да го реализира својот професионален капацитет - да не верува на надворешната експертиза, на невладини организации и да не подлегнува на надворешен притисок“, рече Радев. 

Радев го критикуваше и претседателот на РСМ Пендаровски поради неговата средба со претставници на ОМО Илинден и други организации од Бугарија. 

Посетата на Петков на Скопје е избрзана, смета РадевФотографија: Reg. Nordmazedonien

Рамноправност и сепаратизам  

„Македонските Бугари се борат за рамноправност. Тоа е во корен различно од сепаратистичките претензии за малцинство кои ги искажуваат луѓето со кои се среќава претседателот Пендаровски“, вели Радев. 

Пендаровски минатата недела се сретна со претставници на македонските заедници во Бугарија и денеска повтори дека „не гледа ништо спорно“ во таа средба. Бугарското МНР оцени дека средбата е во спротивност со договорот за пријателство во 2017 година.

„Средбата не беше спротивна на договорот. Ако некому му пречи, тоа не е мој проблем“, рече Пендаровски.

„Не мислам дека има нешто лошо во тоа и напротив ќе продолжам да се среќавам и со тие луѓе. Од друга страна, мојот колега, претседателот на Бугарија Румен Радев во повеќе наврати прими граѓани на Република Северна Македонија со бугарско самочувство кои живеат тука, ги прими во Софија и апсолутно не гледам што е проблемот и во таквите средби“.  

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми