1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Радев навестува референдум за Северна Македонија

ДТЗ
1 јуни 2022

Бугарскиот претседател не планира да се сретне со францускиот колега Макрон за Северна Македонија. Тој порача дека за ова прашање треба да се консултира народот, за што постојат уставни механизми.

Deutschland Bulgarien Präsident Rumen Radev zu Besuch in Berlin
Фотографија: Presseamt des Präsidenten

Бугарскиот претседател Румен Радев нема да учествува заедно со премиерот Кирил Петков на средбата со францускиот претседател Емануел Макрон за Северна Македонија, но навестува дека е можен референдум во земјата околу ова прашање. Ова е првпат бугарскиот претседател да го покрене прашањето за можен референдум за Северна Македонија. Слично барање има и бугарската партија ВМРО. 

„Во Бугарија јавното мислење останува на цврст став за Скопје, но клучна е дилемата како ќе се формулира прашањето во еден таков референдум“, пишуваат бугарските медиуми. Според нив, организирањето на референдум би траело долго време, што може да ги блокира билатералните преговори и дополнително ќе ја замрзне европската перспектива на регионот. 

Тргни-застани 

Засега нема изгледи дека Бугарија ќе го тргне ветото за Северна Македонија и ќе го отвори патот кон европските интеграции. Се почесто од Софија доаѓаат информации дека бугарската одлука е поврзана со поддршката која што ќе ја добие земјата според Планот за закрепнување. Едно од сценаријата коешто што се споменуваше деновиве е барањата на Бугарија да влезат во преговарачката рамка на Северна Македонија и ЕУ да биде гарант за нивното спроведување. Но, со оглед на тоа дека европските земји не сакаат да ги издигнат билатералните спорови на европско ниво, ваквата опција кај многумина буди скептицизам. 

-повеќе на темата: Се подготвува ли таен компромис за бугарското вето за С. Македонија

Во моментов сето внимание е насочено кон најавената средба кај Макрон, која ќе следи по една интензивна дипломатска активности на убедување на Бугарија дека сега е време да се тргне ветото, во интерес на европската перспектива и безбедност. Иако првично беше најавено дека на средбата ќе присуствува бугарскиот државен врв, Радев денеска порача дека „нема напредок за отворените прашања меѓу Софија и Скопје“, така што нема услови за негова посета на Париз. 

„Ја ценам посветеноста на нашите европски партнери, но сакам да видам вистински резултати“, вели Радев. Што се однесува до убедувањето на премиерот Кирил Петков дека последната инстанца за прашањето за Северна Македонија е парламентот, Радев вели дека „последна инстанца секогаш е народот и дека постојат уставни механизми за негово консултирање“.   

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми