1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Разбиен меѓународен педофилски синџир

ЕМФ/дв16 јануари 2014

Иследници од Велика Британија, САД и Австралија разбија меѓународен педофилски синџир. Уапсени се 29 лица под обвинение за сексуална злоупотреба на филипински деца.

Фотографија: picture alliance/dpa

По повеќегодишна заедничка истрага, на иследниците од трите земји им успеа да разоткријат и разбијат педофилски синџир. Според полицијата, уапсените се обвинети за организирање на сексуална злоупотреба на филипински деца и млади и пренос на злоставувањето во живо преку интернет.

Британската Национална агенција за борба против криминалот (НЦА), која ја водеше истрагата, соопшти дека жртвите биле силувани пред вклучени веб-камери. Во рамки на операцијата „Ендевор“, ослободени беа 15 деца и млади на возраст од 6 до 15 години. Жртвите се пренесени во организации за згрижување на жртви.

НЦА соопшти дека на Филипини се уапсени 11 од вкупно 29 лица фатени во рамки на операцијата, кои се осомничени за организација на злоставувањето на децата. Меѓу нив има и роднини на жртвите. Во 11 други земји се уапсени лица кои плаќале за пренос во живо од злоставувањето. Инаку, ширум светот, осомничени се повеќе од 700 лица кои плаќале за на интернет да гледаат сцени од злоставувањето. Меѓу нив има и Германци.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми