Разбиен меѓународен синџир за детска порнографија
15 ноември 2013Полицијата во Торонто соопшти дека главниот осомничен, 42-годишен Канаѓанец, бил уапсен уште во мај 2011 година. Активностите на компанијата „Azov Films“ од Торонто и на нејзиниот сопственик Брајан Веј биле ставени под лупа на иследниците во октомври 2010 година. Според полицијата, сопственикот на компанијата, организирал снимање на голи деца на возраст од 5 до 12 години, кои се занимавале со гимнастика или други видови физичка активност. Тој им плаќал на низа партнери за нивните продукции на порнографски материјал. Кај Веј биле најдени 45 терабајти информации со стотици илјади фотографии и филмови. Според канадската полиција, ширум светот се уапсени 341 лице, а како жртви се идентификувани 386 деца. Исто така, идентификувани се и стотици муштерии на Канаѓанецот, меѓу кои, според „Торонто Стар“ има и наставници, тренери, извиднички старешини, свештеници, па дури и полицајци.
Во истрагата, покрај канадските, учествувале и полициски единици од САД, Австралија, Мексико, Шпанија, Јужноафриканска Република, Ирска, Норвешка, Грција, Гибралтар и Хонгконг.