Разочарувањето на Косово поради недобивањето на членство во Интерпол и поради одолговлекувањето на процесот на визна либерализација не смее да резултира со избрзани реакции, вели за ДВ Кнут Флекенштајн.
Реклама
Се плашиме од „зацврстување на фронтовите“ откако Косово воведе царини за производите од Србија и од Босна и Херцеговина, вели за ДВ Кнут Флекенштајн, социјалдемократски пратеник во Европскиот парламент и известувач за Албанија. Тој регионалната економска соработка ја оценува како „клучна“, а воведувањето на царините како „чекор назад“.
„Разочарувањето поради одбивањето на членството во Интерпол, како и поради одолговлекувањето на процесот на визна либерализација, што е за жалење, не смее да резултира со избрзани ад хок реакции“, предупредува Флекенштајн.
Владата во Приштина минатата недела воведе царини од 100 отсто на стоката од Србија и од БиХ, што де факто значи запирање на легалниот увоз на српски производи на Косово. Тоа предизвика протести на Србите северно од Ибар.
„Меѓународната заедница сака да го види Косово стабилно, тоа позитивно би се одразило на процесот на признавање (на независност)“, додава германскиот европарламентарец. „Исто така, очекуваме од Србија, ако не го поддржува, барем да не го попречува патот на Косово кон целосно призната држава. Мирните соседски односи на овие две земји се клучни за мирот на Балканот.“
Зборувајќи за тоа зошто сѐ уште нема визна либерализација за Косово, Флекенштајн вели дека „би била разбирлива фрустрација на населението“ доколку до крајот на годината не се случи тоа.
„Европската комисија, како и Европскиот парламент, се согласија за визна либерализација. Трагично ќе биде ако Советот на ЕУ, односно одделни членки, не ја поддржат оваа позиција.“
Членките на ЕУ, додава Флекенштајн, мораат да бидат свесни за „политичката одговорност за развојот на Балканот. Напредокот мора да води кон визна слобода, за луѓето таму да не ја загубат довербата во Европа.“
Политиката на проширување продолжува и по изборите
Кнут Флекеншатјн додава оти очекува „претежно позитивни“ реакции во Европскиот парламент за извештаите за напредокот на т.н. Западен Балкан кои ќе се најдат пред пратениците денеска (28.11.).
Во четврток Европскиот парламент би требало, по расправата, да ја усвои резолуцијата за Србија. Инаку, на извештајот на Дејвид Мекалистер, известувач на Европскиот парламент за Србија, се поднесени 239 амандмани од кои 27 се во финалната верзија на текстот.
Србија и Косово: 15 погледи на „внатрешниот дијалог“
Уставот на Србија вели: „Покраината Косово и Метохија е составен дел на територијата на Србија...“ Уставната рамка главно ја игнорира политичката стварност. Уличните призори зборуваат за расположението во земјата.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Српскиот „ѕид на плачот“
Српските граѓани веќе навикнаа на тоа зградата на парламентот да се порабува со лица на загинати и грабнати луѓе во „Вториот косовски бој“. Овој жичен ѕид е отстрануван повеќепати, но тој повторно се појавува како обвинување на сметка на Западот и албанските герилци.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Лицата обвинуваат
Лицата на киднапирани Срби од 1989/1999 година служат како главен аргумент за обвинувања на сметка на Северноатлантскиот Сојуз и Европската Унија.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Меѓу Косово и Крим
Моден детал со политички некоректна русофилска формула на белградската пешачка зона. Туристите од Запад радо го купуваат бизарниот сувенир.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Руска алтернатива
Борис Тадиќ во предизборната кампања во 2008 година го ифрли слоганот „И Косово и Европа“. Овој графит одговара на очекуван начин.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Таблоидите србуваат
Острите политички пароли на ѕидовите можеби станаа поретки затоа што сѐ повеќе врескаат насловите на таблоидните печатени производи.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Браќата Шпанци
Шпанскиот е популарен во Белград. Не толку во училиштата за странски јазици, колку во „Немањина“ улица, во близина на Министерството за надворешни работи.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Срце и аритмии
Додека еден белграѓанин се обидува да пронајде нешто корисно во отпадот, од ѕидот го бодри позната крилатица.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Кој не е со нас е против нас
Фудбалскиот сојуз на Србија попусто се бунеше против одлуката на УЕФА од мај 2016-та за прием на Косово како полноправна членка. Одлуката е конечна од почетокот на 2017-та.
Фотографија: DW/D. Dedovic
ЕУ како империја
Космет всушност е кратенка (Косово и Метохија). Во зборот „Евробска“ се сокрила придавката „робска“.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Вдахновение во премин
Плод на патриотско-поетско вдахновение на ѕидот на премин меѓу главната и една споредна улица во Лексовац.
Фотографија: DW/D. Dedovic
На КиМ со благослов
Дел од уличните призори во градовите се и повиците за обиколка на манастирите и на српските општини на Косово, со благослов на црковните власти.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Римување, некому стравување
Опомена за српската политичка елита, доколку некој случајно помислува на некаков вид признавање на косовската независност.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Урнатини кои опоменуваат
Своевиден споменик кој со својата наказност во градскиот пејсаж потсетува на бомбите кои во 1999 година ги испрати НАТО.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Албанци кои се сакаат
Актерската легенда Беким Фехиу од 2010 година (кога си го одзеде животот) не е меѓу живите белграѓани, но неговата книга и натаму е хит во излозите на белградските книжарници.
Фотографија: DW/D. Dedovic
Трунка надеж
Повеќето графити на улиците сепак се тематски надвор од „внатрешниот дијалог“. Можеби најрадикалните пароли се преселени на социјалните мрежи.
Фотографија: DW/D. Dedovic
15 фотографии1 | 15
Тој, зборувајќи за впечатокот кој постои и во Приштина и во Белград, оти спротивната страна е привилегирана во дијалогот, рече: „Никој не смее да се залажува, заедничка иднина во ЕУ може да има само ако двете страни направат чекори и дојдат до решенија во дијалогот.“
На прашањето дали очекува промена на ставот за проширување по европските избори напролет, социјалдемократскиот пратеник во Европскиот парламент вели дека „десните, антиевропски сили значително зајакнаа во земјите во ЕУ“. Но, тој и по изборите за Европскиот парламент „смета на јасно мнозинство за политиката на проширување“.