1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Раздвижено во Скопје и во Атина спроти посетата на Нимиц

СН/ агенции
27 јануари 2018

Медијаторот во спорот за името Метју Нимиц на почетокот на наредната недела доаѓа во Атина и во Скопје. За можното решение на спорот за името викендов се одржуваат консултации како во Грција така и во Македонија.

Matthew Nimetz
Фотографија: MIA

Највисоки претставници на власта и опозицијата во Македонија денеска во Скопје ќе одржат состанок за предлогот на посредникот на ОН, Метју Нимиц, за решавање на спорот со Грција околу името Македонија.

Министерството за надворешни работи на Македонија најави оти ќе се сретнат претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов, премиерот Зоран Заев, шефот на дипломатијата Никола Димитров, претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Владата во Македонија повеќе пати истакна дека сака да „изгради широк консензус“ за решавање на двоиполдеценискиот спор со Грција. Состанокот на власта и опозицијата, свикан на иницијатива на Министерството за надворешни работи, ќе се одржи денес во Клубот на пратеници во Скопје, со почеток во 18 часот.

Во Атина пак премиерот Алексис Ципрас во текот на денешниот ден оддржува одвоени средни со лидерите на сита политички партии во Грција, освен на Златна Зора на кои ќе разговара за најновиот развој во спорот за името со Македонија, по неговата средба со македонскиот колега Заев во Давос и спроти доаѓањето на посредникот на ОН во спорот меѓу двете соседни земји, Метју Нимиц во Атина и во Скопје.

Повеќе на темата:

-Заев и Ципрас во потрага по внатрешен консензус за името

-Жозеф Дол гледа шанса за решавање на спорот за името

-Големи придобивки за Македонија од грчките изрази на добра волја

 

Инаку како што е најавено Нимиц во Атина ќе претстојува на 29 и на 30 јануари , а Скопје ќе го посети на  31 јануари и на 1 февруари, за да се информира за ставовите на двете влади на двете соседни земји за „Иницијалната рамка за решавање на разликите околу името“, која Нимиц ја предложи на состанокот со преговарачите од двете страни на 17 јануари во Њујорк.

Според пишувањето на македонските и на грчките медиуми, Нимиц доставил 5 верзии на предлози во кои пред името „Македонија“ ќе стои додавката Северна, Горна, Нова, Вардарска или терминот Скопје во заграда зад името, а двата назива се напишани на македонска транскрипција на латиница и без превод на англиски.

Премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, разговараа неделава речиси 3 часа на маргините на Светскиот економски форум во швајцарскиот град Давос. Тоа беше прв состанок на лидерите на двете земји по повеќе од 7 години.

Фотографија: picture-alliance/abaca/R. De Luca//AP Photo/B. Grdanoski

Заев најави дека Македонија ќе ги промени имињата на аеродромот и на автопатот кои го носат името Александар Македонски за да покаже оти во целост е посветена за решавање на спорот со Грција околу своето име, додавајќи дека автопатот ќе се вика „Пријателство“.

Ципрас во Давос рече оти се надева на укинување на ветото за членство на Македонија во НАТО и во ЕУ, со решавање на долгогодишниот спор меѓу двете соседни земји околу името Македонија.

Спорот на Скопје со Атина околу правата за користење на името „Македонија“, како што се вика и северната грчка покраина, со години ја блокира евроатланската интеграција на Македонија, бидејќи Атина смета оти Скопје со тоа изразува територијални претензии.

Предлозите предизвикаа протести во двете земји, а критичарите го гледаат потенцијалниот договор како национално понижување.  Во меѓувреме организаторот на демонстрациите против грчкиот компромис со Македонија за спорот за името рече дека се надева оти на демонстрациите ќе учествуваат милион луѓе.

Протести во Солун: „Македонија е грчка“

01:37

This browser does not support the video element.

Штерјос Калогирос изјави дека се надева оти собирот во Атина на 4 февруари ќе привлече голем број луѓе бидејќи го поддржаа влијателни религиозни организации и локални власти.

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми