1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Раздвојување на отпадот во зачеток

Фјори Синорука | Анѓела Ѓурашковиќ
4 декември 2019

Од март 2019 година, на жителите на Подгорица им е овозможено одделно да го одложуваат сувиот и мокриот отпад, со цел поефикасно рециклирање на сувиот отпад. Какви се резултатите во праксата?

Montenegro Straße in Podgorica
Фотографија: DW/R. Kračković

Во октомври 2018 година Градското собрание во Подгорица усвои одлука да започне со одвојување на сувиот и мокриот отпад во домаќинствата. Во март годинава поставени се и првите контејнери кои овозможуваат посебно одложување и подноцнежно носење на отпадот. Осум месеци подоцна се наметнува прашањето дали проектот пуштил корени меѓу населението и кои се наредните чекори за негов развој.

Инаку целта на раздвојувањето на отпадот на ниво на домаќинствата е да се зачува квалитетот на сувите суровини за рециклажа и со тоа да се зголеми ефикасноста на процесот на рециклирање. Во сувата фракција на комуналниот отпад се вбројуваат хартија, картон, стакло, метал и пластика, а во мокар сите останати, освен гломазниот отпад, маслата за јадење и мастите. Претпријатето „Чистота д.о.о“ е задолжено за спроведување на овој проект. До крајот на годината планираат во целост да ги покријат градските зони 1 и 1а во Подгорица.

Преку разделување до поефикасно рециклирање на отпадот

01:25

This browser does not support the video element.

Андрија Чаџеновиќ, извршен директор на „Чистота д.о.о“ вели: „Во моментов на територијата на главниот град постојат 129 полуподземни контејнери, од кои околу 32 се во функција на примарна селекција, односно одложување сува и мокра фракција, со тенденција до крајот на годината овие контејнери за сува и мокра фракција да бидат околу 60-тина“.

Во 2019 година, исто така, беше набавено првото специјализирано возило со посебно преземање на сув и мокар отпад.Постои посебен режим за празнење на овие контејнери. Прво се празнат оние за сува фракција, потоа се празнат оние за мокра фракција. Тој отпад никако не може да дојде во допир еден со друг.

Контејнерите се тука, но дали е и информираноста? Ги прашавме жителите на Подгорица дали знаат што е сув, а што мокар отпад. „Мокриот отпад е полош од сувиот. Тој почнува да скапува и мириса, и има повеќе отрови од сувиот“, вели една Подгоричанка. Нејзин сограѓанин истакнува: „Разликата е во тоа што мокриот отпад, ако се фрли во вода, водата го носи, а сувиот не“.  Нивна помлада сограѓанка пак вели: Па претпоставувам дека сув отпад е оној кој нема никаква врска со вода.

Ги прашавме и колку се запознаени со можноста за посебно одложување на претходно сортираниот сув и мокар отпад на територијата на Подгорица.

„Тука каде што живеам, на Драч, се' уште не е направено, но штом ќе биде, сигурно ќе го одвојувам“...  „Тоа може да се раздели и посебно да се фрла“... „Веројатно дека може. А, сега, не знам каде“, велат некои од нив.

Погледнете ја и оваа фотогалерија направена во рамките на проектот #dw_BalkanBooster: 

Обиколката во градот покажа дека кантите наменети за посебен сув и мокар отпад најчесто се наполнети со иста содржина - мешан отпад. Тоа го потврдија и во „Чистота“: „За жал, често наоѓаме мешан отпад, односно, граѓните се' уште не прават разлика што е сува, а што мокра фракција, на што посебно ќе ставиме акцент во идниот период“, вели Андрија Чаџеновиќ.

Досега имаат одржано голем број работилници за децата од подгоричките предучилишни установи и од основните училишта. На почетокот на 2020 година е планирано лансирање на мобилни апликации за информирање на граѓаните за локациите на контејнерите за примарна селекција на отпадот и пријава во случај на нивна преполнетост.

„Ние сме свесни дека тоа е еден процес кој ќе трае подолго време. Ќе бидеме упорни и сметаме оти во наредните 4 години примарната селекција на отпадот ќе заживее во сите 4 зони кога е во прашање главниот град Подгорица“, истакнува извршниот директор на „Чистота д.о.о.“

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми