1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Разликите меѓу Русија и НАТО остануваат големи

27 јуни 2007

На седницата на советот на Алијансата и претставниците на Москва сите се држеа до дипломатскиот речник.

Шефер и ПутинФотографија: AP

Генералниот секретар на НАТО, Јап Де Хооп Шефер два часа во Москва разговараше со претседателот на Владимир Путин. Претходно имаше средба со министерот за надворешни Сергеј Лавров кој по средбата изјави:

“Меѓу Русија и НАТО има успеси и проблеми. Но, тие проблеми мора да се решаваат на начин кој на двете страни им обезбедува стабилност. Не треба да се преземаат чекори кои се насочени кон јакнење на сопствената безбедност на сметка на безбедноста на другите земји”.

На истата конференција за печат и генералниот секретар на НАТО, Јап Де Хоп Шефер често користејќи го зборот партнерство веројатно се обидуваше да ги затскрие големите разлики во мислењето. Тие беа најочигледни кога стана збор за антиракетниот одбрамбен систем на САД. Москва и понатаму категорично го одбива. Одговарајќи на понудата од Путин дека радарскиот систем во Азербејџан може да се користи заеднички, Шефер изјави:

“Претседателот Путин детално ми ги изложи своите предлози кои ги дал и во Хајлигендам. Јас не сум теничар, но мислам дека радарската станица не може да ги врши задачите на радарот во Чешка. Мислам дека тоа не е соодветна алтернатива.”

Дури и ова јасно одбивање на рускиот предлог, Шефер го разубави со познатата формула – "ќе останеме во контакт".

На прашањето како ги оценува претходните закани од Путин, дека Русија ќе мора да најде нови цели во Европа ако Американците директно го стационираат својот ракетен систем во Чешка и Полска, Шефер одговори:

“Повторувам. Кога се слуша музика, важно е јачината на звукот да е умерена. Ако е прегласна го оштетува слухот. Тоа треба да се има на ум кога се зборува за ваква компликувана тема. Во спротивно може да се оштетат меѓународните односи.”

И кај темата Косово се остана по старо. Москва не ја прифаќа резолуцијата во ОН која ја поддржуваат сите членки на НАТО.

“Косово се наоѓа во срцето на Европа и има директна поврзаност со безбедноста на континетот”, оцени Шефер. Тој се надева дека различните позиции на Русија и на Алијансата за Косово нема да се одразат на меѓународните односи.

Шефер претпазливо го критикуваше и тоа што Русија не ги исполнува своите обврски од спогодбата за конвенционално оружје во Европа. Обидите да се регулира повлекувањето на руската војска од Молдавија и Грузија неодамна пропаднаа. Но, и во врска со ова прашање Русија и НАТО ќе останеле во контакт.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми