Кој е економски писмен, а кој не? На јавна сцена доминираат разликите меѓу власта и опозицијата околу мерките за надминување на економските последици од здравствената криза
Реклама
„Инженерот Мицкоски треба да праша за економија“. „Заев покажа дека е економски неписмен“. Низ вакви, јавно изречени пораки, уште еднаш се отслика несогласувањето меѓу власта и опозицијата за дел од мерките за надминување на економската криза. Во вчерашното интервју на ТВ „Канал 5“, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, критикуваше некои од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу нив е и опозицискиот предлог за интервенирање во вториот задолжителен приватен пензиски фонд, односно со уредба со сила на закон тие средства да бидат пренасочени во единствениот државен задолжителен пензиски столб, со што ќе се обезбедат дополнителни осум ипол до 10 милијарди денари.
„Ако се земаат пари од вториот пензиски фонд, се земаат пари директно од граѓаните", рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју на ТВ „Канал 5“, критикувајќи го таквиот предлог на опозициската партија.
„Не треба да се чепка во вториот пензиски фонд, тоа се пари на граѓаните. Ако чепкаме во тие пари, исто како да им земаме од дома. Цел свет, сите експерти препорачуваат прво да се задолжувате надвор, да се земаат кредити од странство, потоа кога веќе нема да можете да се задолжувате надвор, тогаш се задолжувате на домашен пазар“, рече лидерот на Заев.
Од ВМРО-ДПМНЕ се огласија со соопштение, во кое се вели оти „Заев покажал дека е економски неписмен“.
„Зоран Заев денес покажа елементарно економско непознавање. Користењето на парите од вториот пензиски столб не значи било какво загрозување на пензиите. Токму таква мерка сега презема Естонија. Тоа што е добро за земја членка на ЕУ, не е добро за Заев“, реплицираа од ВМРО-ДПМНЕ.
Што со стерилизираните средства?
Несогласување постои и околу предлогот на ВМРО-ДПМНЕ веднаш да се организира состанок, на кој, премиерот, вицепремиерот за економски прашања, министерката за финансии, претставници на македонските банки и гувернерот, ќе разговараат за мек трансфер на средства од благајнички записи во државни хартии од вредност.
Според Заев, не треба да се чепкаат благајничките записи.
„Банките овде се ликвидни, тие имаат 600 милиони евра и дополнителни 400 милиони евра кои се запишани во благајнички записи и тие треба да ги оставиме дома, затоа што банките ги следат граѓаните. Банкарскиот систем во секој земја е столб на финансискиот систем и тие пари треба да му ги оставиме на банкарскиот систем. Ако ние им ги земеме тие пари, тие нема да можат да им даваат пари на граѓаните и стопанството. Има правила коишто треба да се следат, а Мицкоски како инженер треба да праша за економија, посочи Заев.
Од опозициската партија сметаат дека трансферот на благајнички записи во државни обврзници нема да загрози никого.
„Претворањето на благајнички записи во државни обврзници е вишок на ликвидност на банките и не претставува нивно загрозување. Заев очигледно треба да се врати во прва година на Економскиот факултет во Скопје, за да научи некои базични операции“, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.
Кои фирми профитираат од коронавирусот
Стравот од коронавирусот тешко ги погодува финансиски пазари. Кога компаниите мора да ги коригираат своите прогнози за добивка и промет надолу, тоа е отров за курсот на акциите. Но, сепак има и такви кои профитираат.
Кога во последната недела од февруари курсот на акциите ширум светот драматично падна, акциите на платформата за видео стриминг успешно се спротиставија на трендот. Аналитичарите сметаат дека т.н. „останете дома“ акции , како оние на „Нетфликс“ можат да им обезбедат богатство на инвеститорите за време на појавата на коронавирусот, бидејќи на сѐ повеќе луѓе им се вели да останат дома.
Фотографија: picture-alliance/AA/M.E. Yildirim
„Откачете“ го фитнес-клубот
Акциите на фитнес старт-апот Пелотон Интерактив, кој произведува велосипеди за вежбање и, исто така, нуди фитнес часови преку интернет, скокнаа бидејќи стравот од коронавирусот може да поттикне многу фитнес ентузијасти да не одат во своите теретани и клубови и да се одлучат за понудите на Пелотон.
Шефот на фармацевската компанија „Модерна“, Стефан Банкелза кусо време стана милијардер откако компанијата испорача експериментална вакцина против коронавирусот за клиничко тестирање кај луѓето, со што се зголеми цената на нејзините акциите. И Лим Ви Чаи од Малезија, мнозински акционер во фирмата за медицински ракавици „Топ Глав“, влезе во клубот на милијардери среде избувнувањето на вирусот.
Останете дома, останете поврзани
Акциите на телеконференцискиот старт-ап „Зум Видео“ пораснаа речиси за 50% од февруари, откако инвеститорите проценија дека сѐ повеќе луѓе поради стравот од коронавирусот ќе работат од дома. Компанијата веќе придодаде повеќе активни корисници годинава - 2,22 милиони - отколку во целата 2019 година.
Фотографија: zoom.us
Празни полици во супермаркетите
Во супермаркетите, како германскиот „Реве“ и францускиот „Карфур“, прехранбените производи „летаат“ од полиците додека купувачите во паника ги зголемуваат домашните залихи. Затоа инвеститорите засилено вложуваат во акциите на компаниите за пакувана храна. И онлајн трговците, како Амазон, исто така, имаат поголема побарувачка, бидејќи купувачите поради страв од вирусот ги избегнуваат продавниците.
Произведувачите на маски за лице, дезинфекциски средства за раце и дезинфекциски марамчиња се сведоци на огромен раст на побарувачката, бидејќи купувачите бараат начини да се заштитат од вирусот кој брзо се шири. Фирмата „3M“, која меѓу останатото произведува и маски за лице, е една оние со најголема добивка.
Фотографија: picture-alliance/NurPhoto/Yichuan Cao
„Во секое време, насекаде“
Германската софтверска компанија „ТимВјуер“ која им овозможува на корисниците да работат од далечина (од дома), е сведок на голема побарувачка на нејзините услуги, особено во Кина, епицентарот на коронавирусот. На Франкфуртската берза цената на акциите на оваа компанија забележа огромен раст во изминатите неколку дена.
Фотографија: picture-alliance/B. Kammerer
7 фотографии1 | 7
Директна помош и сет други мерки
Владата веќе објави сет мерки наменети за надминување на економската криза. Таа соопшти дека овозможува директна помош од 14.500 денари по вработен за април и мај за сите фирми погодени од кризата. Со мерка се таргетирани 35.000 компании, или 87% од шифрите на дејност, и 250.000 работници. Според мерките, со помошта од 14.500 денари за вработен се покрива целата нето-плата на 75.000 граѓани, а кај 180. 000 граѓани се покрива до 75% од нивната нето плата. Истата сума е обезбедена за спортските работници, вработени во спортските здруженија, како и за самостојните уметници. Сите фирми погодени од кризата нема да плаќаат данок на добивка преку месечните аконтации. Кредитите кај банките и штедилниците се одложени од 3 до 6 месеци, постапките на извршителите се одложени за 6 месеци, а во периодот на криза се забранува одење на компаниите во стечај. Државата ќе ја субвенционира каматата и со тоа нуди ликвидни средства на компаниите со 0% камата во износ од 13,7 милиони евра со 12 месеци грејс период и 3 години рок на отплата. На располагање на фирмите се ставени и евтини кредити од 50 милиони евра со камата од 1% до 1,5% годишно. Казнената камата е намалена за 50% (од 0,03% на 0,015%), а намалена е и законската затезната камата (од 10% на 5% за фирми, и од 8% на 4% за граѓани). Граѓаните што останале без работа ќе земаат 50% од просечната плата што ја имале кога биле вработени преку агенцијата за вработување согласно со Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност (член 68.) Лицата од неформалната економија кои останале без приходи ќе земаат по 7.000 денари помош од државата за месеците април и мај. Со оваа мерка ќе бидат опфатени 20.000 нови домаќинства, кои веднаш ќе влезат во системот на социјална заштита, како и 30.000 веќе постоечки корисници. Се овозможува одложување на плаќањето кирии за станови и деловни простори во државна сопственост за 3 месеци за граѓаните и фирмите погодени од кризата. Сите избрани и именувани функционери на државно и на локално ниво ќе земаат минимална нето плата од 14.500 денари за месеците април и мај 2020 година. Претседателите и членовите на управни и надзорни одбори на јавни институции, претседатели и членови на Советите во општините кои се вработени нема да примаат надомест во времетраење на кризата. Истовремено, Владата завчера донесе одлука за забрана за нови вработувања и нови ангажирања во јавниот сектор. Донесена е и одлука, сите средства од заштеда од непродуктивните трошоци да се пренаменат за справување со здравствено-економската криза.
Каде сѐ демне коронавирусот?
Коронавирус насекаде! Можеби дури и на пиперките, билетот за возење, сопственото домашно милениче. Што воопшто смеам да допирам? Ова вознемирувачко прашање си го поставуваат многумина. Еве неколку смирувачки одговори:
Досега познатите коронавируси остануваат опасни на површини како кваките околу четири-пет денови. Како и другите инфекции преку капки и SARS-CoV-2 се пренесува преку рацете и површините кои се допираат често во текот на денот. Иако вирусот е нов и затоа е прилично непознат, експертите сметаат дека и за него важат многу резултати од истражувања на други, веќе познати коронавируси.
Затоа, треба да се биде претпазлив и кога се руча во кантината на работното место - доколку таа одамна не е веќе затворена. Коронавирусите во основа можат преку кивање или кашлање на инфицирано лице да завршат на приборот за јадење или чиниите. Германскиот институт за проценка на ризици (БфР) меѓутоа пишува дека „досега не се познати инфекции со SARS-CoV-2 кои се појавиле со ваков начин на пренос“
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Kalaene
Страв од увозна стока?
Дали родителите мора да се плашат од инфекција преку играчки од увоз? Не, велат од БфР. Досега нема случаи на инфицирани лица за кои е докажано дека се заразиле преку увезени играчки или друга стока. Експертите сметаат дека вирусите немаат голема стабилност при промена на животната средина. Предизвикувачот на болеста е опасен повеќе денови пред сѐ во услови на студ и голема влажност на воздухот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Gollnow
Пакети полни вируси
Коронавирусите кои го напаѓаат човекот не се особено стабилни на суви површини. Со оглед на тоа што стабилноста на вирусите надвор од човечкиот организам зависи од могу фактори, како темпертурата и влажноста на воздухот, БфР ја смета инфекцијата по пошта за „главно неверојатна“. Сепак, институтот признава дека сѐ уште не располага со точни податоци за SARS-CoV-2.
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Becker
Вирусен пинг-понг со домашното милениче?
Дали моето куче може да ме зарази мене или јас да го заразам него? Ризикот домашните миленичиња да се заразат од коронавирус е оценет како низок од страна на експертите. Но, тој не може сосема да се исклучи. Самите животни не покажуваат симптоми, значи не заболуваат. Но, доколку се инфицирани тие може преку својот здив, плунка, повраќање, урина да го пренесуваат вирусот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/A. Tarantino
Опасен зеленчук?
Пренесување на SARS-CoV-2 преку контаминирани прехранбени продукти, според БфР, не е веројатно. Досега нема докажани случаи на инфицирање на ваков начин. Темелно миење на рацете пред подготовка на оброкот, и во времиња пред и по коронавирусот, е нешто што се подразбира. Со оглед на тоа што вирусите се чувствителни на топлина, загревањето на намирниците натамошно го намалува ризикот од инфекција.
Досега познатите САРС и МЕРС коронавируси не сакаат топлина, но се прилично отпорни на студ. Тие може да останат опасни дури две години на температури од минус 20 степени Целзиусови. БфР меѓутоа смирува: досега нема укажувања за ланец на инфекции со SARS-CoV-2 преку конзумирање храна, вклучително и замрзнати продукти.
Избувнувањето на КОВИД-19 има и едно добро: Кина забрани храна од диви животни. Сѐ укажува на тоа дека новиот коронавирус врз човекот е пренесен од лилјаци. Лилјаците за тоа не се виновни, зашто веројатно завршиле во супа против своја волја. Но, борбата против SARS-CoV-2 ќе трае многу подолго и ќе биде потешка од ослободувањето од храна од диви животни.