1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Разногласија во Европската унија околу Косово

24 јули 2007

Европската унија по неуспехот во Советот за безбедност да биде донесена резолуција за Косово, има намера во помал круг да постигне согласност во врска со статусот на покраината.

Што ако Косово прогалси еднострана независност? Поделеност во ЕУФотографија: European Community, 2005

Сепак, министрите за надворешни работи на Европската унија вчера во Брисел не постигнаа согласност за тоа во каква форма да продолжат преговорите.

Во потрага по политичко решение за косовското прашање, Европската унија има намера да преземе поголема одговорност. По вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи во Брисел, меѓутоа, останува отворено прашањето, како. За германскиот шеф на диломатијата Франк Валтер Штајнмајер едно е јасно:

„Ние не преземаме политичка одговрност за Западен Балкан и Косово дури сега. Носиме одговорност веќе со години. Од тие причини не смееме натамошниот процес да го препуштиме сам на себе„.

Откако Советот за безбедност не успеа да се согласи за нова заедничка резолуција, сега контакт групата треба повеќе да се ангажира во напорите за согласност меѓу Србите и Косоварите. Но, ако се прашуваат министрите за надворешни работи, разговорите треба да бидат поконцентрирани и поефикасни: Штајнмајер посакува формирање тројка во која би биле Европската унија, САД и Русија. Но, на тој план Франција веќе покажа колебање: шефот на дипломатијата Бернар Кушнер изјави дека тогаш мора да биде сигурно дека од името на Европската унија нема да зборува една земја. Инаку, беше нагласено дека основа за преговорите останува планот на Ахтисари. Значи, контролирана автономија за Косово. Но, зошто Србите би се согласиле? Штајнмајер вели:

„Нашата улога би била на Србите јасно да им ставиме на знаење дека не само што се најголема и најважна држава на западниот Балкан, туку дека нагласено имаме намера да ги привлечеме во перспективите за Европската унија што сме му ја понудиле на Западниот Балкан„.

Меѓутоа, ова врз Белград досега не остави некој впечаток, бидејќи е поддржуван од Русија. Притоа на Моксва не и е само до косовскиот конфликт: таа бара отстапки од Запад за спорниот американски ракетен штит. За ова и за Косово, канцеларката Меркел вчера телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин. Времето притиска, зашто Косоварите веќе се заканија со прогласување еднострана неависност. Тоа би ги зголемило затегнатостите во регионот, а би можело да ја подели Унијата, зашто некои партнери сметаат дека ќе мора да се соочат со таков едностран чекор.

Засега инаку, за едно прашање постои согласност: ескалација на Балакнот би била енормно оптоварување за Европа. Токму германските политичари потсетуваат дека при последната војна во покраината, половина милион Косовари избегаа во Германија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми