1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Раката на „султан“ Ердоган стига и до Македонија

12 септември 2017

Иако Македонија веќе не е османлиска провинција, еден критичар на Ердоган и таму ја почувствува одмаздата на Турција, пишува швајцарскиот „Ноје цирхер цајтунг“ во коментар за контроверзниот судски случај.

Mazedonien Pro-Erdogan Demonstration in Skopje
Фотографија: DW/K. Ozimec

Порано беше поедноставно, наведува во воведот на колумната за „Ноје цирхер цајтунг“, дописникот на овој весник од Балканот, Андреас Ернст. „Кога еден непослушен поданик во далечниот Ушкуб ќе го навредел султанот, провинцискиот гувернер, валијата не се двоумел долго. Го испраќал престапникот пред кадијата (судијата), и тој го казнувал. Денес е малку покомплицирано. Ушкуб сега се вика Скопје и веќе не е главен град на османлиската провинција Косово, туку на независна Република Македонија. Но, сѐ уште се случува турскиот државен лидер да биде навреден. Сепак, тоа веќе не е султанот, туку претседателот Ердоган. Едно лице кое е државјанин на Македонија и на Турција пред извесно време доби казна од 400 евра од судот во Скопје. Беше тужен од турскиот амбасадор. Осудениот се изразил иронично на неговата Фејсбук-страница за Ердоган.

Случајот предизвика вознемиреност во земјата. Според критичарите, не е под закана само слободата на изразувањето, туку и суверенитетот на земјата, која веќе не е османлиска провинција. Но, тоа е проблемот со независноста во слабите држави. Мнозински христијанско-православната Македонија одржува добри односи со Турција. Истанбул ја помага армијата и ја поддржува земјата во нејзината кавга со Грците. Кога Ердоган, по неуспешниот пуч во 2016 година, побара од балканските земји да ги затворат училиштата на организацијата Ѓулен- Македонија беше подготвена за тоа. Но ништо не се случи - веројатно затоа што таму учат децата на многу политичари. Ердоган поради тоа го откажа договорот за меѓусебно признавање на дипломите.

Сето ова, сега осудениот корисник на Фејсбук, се чини не го имал на ум, кога решил да се шегува со Ердоган. Но, тој добро им дојде на лукавите Македонци и тие му го фрлија под нозе на 'Султанот' како жртвено јагне“, коментира НЦЦ.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми